Најбезбедните места во светот во случај на апокалипса
Удар од голем астероид, нов вирус, зомби апокалипса, војна… ова е само дел од големиот број сценарија за крајот на светот. Но дали сте размислиле некогаш каде би побегнале доколку дојде до ова?
Крајот на светот е тема за која се направени голем број филмови и се испишани многу книги. Во случај да дојде до крај на светот, ви ги претставуваме најбезбедните места во светот:
Исланд е најизолираната земја во Европа и е оддалечена илјадници километри од какво било копно. Освен тоа, на Исланд постојат многу ресурси за преживување.
Берн во Швајцарија има природна заштита од Алпите.
Тристан да Куња е остров кој се наоѓа во јужниот дел на Атлантикот и претставува најоддалечениот населен остров, дури 2.000 километри до друго копно. Овој остров бил населен пред само 300 години.
Островот Гуам се наоѓа на Пацификот и е воена база на САД, па затоа е сосема безбеден.
Денвер има многу нафта, па во случај на крај на светот, луѓето кои живеат овде ќе имаат обезбедено гориво. Покрај тоа, ова е најлесниот град за одбрана во цела Америка.
Антарктикот, без оглед на тоа колку е непријателски настроен поради суровата клима, во случај на крај во светот, е едно од најбезбедните места.
Кејптаун, Африка, е исто така едно од најбезбедните места во светот.