Нацртајте круг и триаголник и откријте нешто важно за себе
Денес решивме да ви зададеме едноставен, но забавен тест што ќе ви открие многу за вашиот карактер. Сè што треба да направите е да нацртате круг и триаголник. Па, како го направивте тоа? Дали го нацртавте кругот во триаголниот, на неговиот врв, околу триаголникот или пак, на некој сосема друг начин? Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека триаголникот ги претставува луѓето во вашиот живот, а кругот начинот на кој се поврзувате со нив.
Круг во триаголник – вие сте топли и сочувствителни
Вие сте топли и грижливи. Секогаш сте подготвени да им помогнете на луѓето во неволја. Со насмевка дочекувате непознати личности. Вашите најблиски ве обожаваат и најчесто многу зависат од вас. Бидејќи сте го нацртале кругот во средината, тоа значи дека секогаш сте опкружени со луѓе. Вие сте социјални, но резервирани сте кога станува збор за приватниот живот, кој пак го делите само со најблиските.
Круг на врв на триаголник – вие сте мирни и доверливи
Цртањето круг на врвот на триаголникот укажува на фактот дека сте свесни за светот што ве опкружува. Не се издвојувате многу од своите врсници, но не сте ни премногу поврзани со нив. Самоуверени сте и сконцентрирани на својата работа. Вие сте многу ценети поради неверојатните нешта што ги правите. Не ви се потребни празни муабети и дружење со луѓето. Вие ги знаете своите приоритети и имате доволно блиски луѓе што ви нудат вистинска поддршка.
Круг околу триаголник – вие сте заштитници
Секогаш сте тука за луѓето, без разлика дали ги познавате цел живот или само неколку часови. Од непознати, до сакани, вие секогаш нудите помош не размислувајќи за последиците. Може слободно да се каже и дека сте ангел чувар. Луѓето доаѓаат кај вас за совет и секогаш кога имаат потреба за разговор. Лојални сте и многу попаметни од другите.
Полукруг околу врв на триаголник – вие сте весели и оптимистични
Вие сте главните навивачи. Секогаш ги поттикнувате другите да го прават тоа што го сакаат. Исто така сте среќни и кога другите напредуваат. Зборот „љубомора“ не постои во вашиот речник. Вие сте оптимисти и имате способност да ги разведрите дури и најтешките личности. Имате моќ да поткренете сечија самодоверба, па затоа и многумина ве познаваат и сакаат да бидат покрај вас.
Одберете и еден од овие чорапи, кликнете на него и дознајте нешто повеќе за себе!