Националниот парк Џаспер во Канада
Живописниот Национален парк Џаспер во Алберта, Канада е познат по своите неверојатни планински предели и смирени езера од кои се рефлектираат острите врвови покриени со снег. Овој национален парк е најголем во Канада и се простира на околу 10.878 квадратни километри.Џаспер е преубава колекција на езера, реки, топли извори, глечери и масовни планини. Посетителите можат да уживаат во голем број активности како пешачење, планински велосипедизам, пливање, риболов, скијање и кампување. За оние кои бараат релаксација, местото Миете Хот Спринг е вистинскиот избор. Овој парк, туристите, можат да го разгледуваат со пешачење, со автомобил или со воз. Исто така, прекрасно место за посета е и езерото Луис во Националниот парк Банф, кој се наоѓа во близина на Џаспер.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Preubavooo