Начинот на кој сеќавањата генетстки се пренесуваат од една генерација на друга

Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

Една нова студија покажала како стресните сеќавања можат да се пренесат преку клетките, од една генерација на друга, односно од мајката на ќерката. Во ова истражување со глувци се покажало дека застрашувачките сеќавања за мирис можат да бидат пренесени од родителот врз детето, дури и во оние ситуации кога детето немало никаков контакт со таа миризба.

Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

Процесот кој е наречен епигенетика не значи дека самите гени се менуваат под влијание на стресни настани, туку дека постои разлики во начинот на кој тие гени се изразуваат. Оваа студија која била објавена во престижниот журнал „Наука“, овозможува докази за контроверзната теорија дека сеќавањата можат да бидат пренесени преку генетскиот код.

Многу научници сè уште се скептични за студиите поврзани со епигенетиката, бидејќи не постојат цврсти докази за постоењето на овој механизам. Но, професорката Сузан Строум, биолог на Универзитетот во Калифорнија која ја водела оваа студија вели:

„Одамна постои дебата за пренесување на меморијата преку поделбата на клетките и низ генерациите и ние конечно покажавме дека таа постои. Во студиите во кои е документирано епигенетското наследување од родител на дете, не е јасно што точно се пренесува и сфаќањето на молекуларно ниво е премногу комплицирано. Ние имаме специфичен пример за епигенетска меморија која се пренесува и можеме да го забележиме тоа преку микроскоп. Тоа е само еден дел од загатката.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар