Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Депресијата е многу тешка состојба за оние кои страдаат од неа, но и за луѓето околу нив. Депресивните поединци се мачат да функционираат нормално, а има денови кога не можат да се натераат да станат од кревет. Но, и нивните најблиски исто така го чувствуваат влијанието на депресијата. Многу е тешко кога ќе видите дека вашите сакани не се среќни, а не можете да сочувствувате со нив и тие не реагираат на вашите обиди да им помогнете.

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Токму тоа му се случило на овој пар, кога девојката паднала во депресија. За среќа, дечкото нашол креативен и прекрасен начин да ѝ помогне на неговата сакана во најтешкиот период од нејзиниот живот.

Тој употребил само една тегла, стапчиња од сладолед, маркери во боја и малку хартија. Со помош на овие алатки, дечкото направил тегла со афирмации за ослободување од стресот. Девојка му може да си избере обоено стапче секогаш кога ќе посака. Дечкото ја објаснил идејата.

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

„Секоја ’категорија’ одговара на соодветна боја. На пример, портокаловата боја означува инспиративни цитати од поети, политички фигури, филозофи и хуманитарци. Жолтите потсетници се позитивни зборови кои би требало да ѝ помогнат во текот на тешките денови. На нив пишува работи од типот ’Прекрасна си’ и ’Во ред е да побараш помош’. Виолетовите се совети кои ѝ помагаат да се опушти, како на пример ’Направи пауза’, додека таа работи на магистерската теза или ’Слушни ја твојата омилена песна’. Исто така, оставив неколку празни стапчиња за да може таа да ги запише моментите кога била најсреќна и да извлече некое од нив понатаму кога ќе ѝ треба мотивација.“

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Дечкото се надева дека ова ќе ѝ помогне да ја преземе контролата врз својот живот, да се одмора и да се грижи за себе. Овој едноставен гест ѝ покажува на девојката дека нејзиниот партнер се грижи за неа и дека секогаш може да смета на него. Мора да признаеме дека станува збор за моќна идеја што може да му помогне на човек кој страда од депресија.

Начинот на кој овој дечко ѝ помага на девојка му да се справи со депресијата ќе ве остави без зборови!

Доколку некој од вашите најблиски се соочува со истиот проблем, најважно е да ја покажете вашата поддршка и посветеност. Не ја потценувајте нивната состојба, бидете тука за нив и помогнете им да го пребродат овој тежок период од нивниот живот.

Депресијата е сериозно нарушување кое треба да се победи. Следниве 10 начини за справување со депресија можеби ќе ви помогнат во битката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар