Начинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактер

Начинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактер

Повеќето ваши навики откриваат нешто за вашата личност, само треба да знаете кои навики со кој дел од личноста може да се поврзат. Луѓето покажуваат какви се навистина на многу суптилни начини, а за нив најмногу откриваат некои специфични навики. Експертите издвоија 12 ситници на кои треба да обрнете внимание затоа што тие може да укажат на некои карактерни црти.

Начинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактер

1. Начинот на кој ја ставате тоалетната хартија

Ова е вечна дебата и изгледа како обична шега, но начинот на кој ја ставате тоалетната хартија може да открие многу за вашата личност. Според резултатите на едно истражување во кое биле опфатени 2.000 мажи и жени, оние што ја ставаат хартијата така што се одмотува од предната страна се подоминантни во однос на оние кои ја ставаат наопаку.

2. Вашиот избор на чевли

Возраста, приходите и карактерот на една личност можат да се прочитаат од чевлите што ги носи и тоа многу прецизно. Резултатите покажуваат дека луѓето кои носат удобни чевли обично се пријатни, носењето неудобни чевли значи дека сте помирна личност, а личностите што носат нови и добро одржувани чевли се склони кон вознемиреност.

3. Начинот на кој одите

Ако вашето тело е навалено напред и одите брзо, вие сте многу продуктивни и се водите според логиката. Луѓето ви се восхитуваат поради тоа, но можеби изгледате малку ладно и конкурентски настроени.

Ако одите со градите напред, рамената наназад, а главата исправена нагоре (што е вообичаено кај политичарите и кај познатите личности), вие сте забавни, харизматични и сакани во друштвото, но имате тенденција да се однесувате како ѕвезда под рефлектори.

Ако тежината ви е во нозете, без да го навалувате вашето тело напред или назад, повеќе сте фокусирани на вашиот личен живот отколку на вашата кариера. Ако гледате во подот додека одите, најверојатно сте интровертна и љубезна личност.

4. Ракување

Ракувањето може да го промени впечатокот на другите луѓе за вас. Според истражувањата, луѓето кои се ракуваат цврсто се опишани како поемотивно изразени, екстровертни и попозитивни од другите. Оние што се ракуваат полабаво се посрамежливи и невротични.

5. Стил на разговор

Според психолозите, постои силна поврзаност помеѓу стилот на пишување мејл и вашиот карактер во реалниот живот. Истражувањата пронајдоа врска помеѓу одредени клучни зборови и главните карактеристики на луѓето. Нарцисоидните личности најмногу користат зборови како „јас“, „мое“, „работа“ и слично.

Екстровертите обично се поопуштени и разговараат за работи поврзани со забава, како музика и храна. Но, не е важно само за што се зборува, туку и како. Отсуството на грешки е знак на перфекционизам и потенцијални опсесии, додека лошата граматика укажува на пониско ниво на интелигенција и пониско ниво на образование.

Долгите пораки ја одразуваат енергијата и темелноста, но и одреден степен на потреба за внимание.

6. Нервозни навики

Дали ги гризете ноктите или кутикулите? Луѓето кои ја чепкаат косата или ги гризат ноктите се склони кон перфекционизам, а нивните постапки се резултат на обидот за смирување на здодевноста, на иритацијата и на незадоволството. Бидејќи е подобро да се направи нешто отколку ништо, повторувачкото однесување изгледа утешно. Постојат многу алтернативни стратегии што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

7. Вашата точност

Пристигнувањето точно на време е знак дека човекот има многу позитивни особини и овие личности се посовесни и попристапни. Личностите што стигнуваат порано се поврзуваат со невротизам, а оние што постојано доцнат се склони кон слобода.

8. Вашите навики во исхраната

Вие сте она што јадете. Луѓето кои јадат бавно обично сакаат да се контролираат себеси и другите и знаат да го ценат животот, а оние што јадат брзо обично се амбициозни и нетрпеливи.

Луѓето за кои јадењето е авантура и со задоволство пробуваат нова храна, бараат возбуда и ризикуваат, додека пребирливите луѓе се повознемирени и невротични. Ако сте некој кој сака да ги одделува различните намирници во чинијата, во секојдневниот живот сте многу внимателни.

9. Навики за купување

Ако сакате да запознаете некого подобро, одете на шопинг со него. Истражувањата откриле дека постојат два вида потрошувачи: потрошувачи што истражуваат сè и потрошувачи на кои не им треба појаснување.

Истражувачите прават детален преглед на секое шише шампон пред да донесат одлука, додека оној на кој не му треба појаснување го зема првото шише и оди на касата. Првите се личности кои анализираат сè до најмали детали, додека вторите претпочитаат општи информации.

10. Стил на фотографирање селфи

Вашиот профил на Инстаграм или на Фејсбук може да открие повеќе за вашата личност отколку што знаете за себе. Истражувањата откриваат дека луѓето што се попријатни се фотографираат одоздола, додека совесните личности ретко во позадина на фотографијата откриваат дел од приватниот простор.

Луѓето кои покажуваат позитивни изрази се поотворени за нови искуства, а невротичните личности имаат намуртено лице.

11. Вашиот ракопис

Личностите што пишуваат големи букви се ориентирани кон луѓето и бараат внимание, додека оние што пишуваат мали букви се интровертни.

Пишувањето со мал наклон надесно значи дека сте пријателски настроени и импулсивни, а буквите навалени налево значат дека сте резервирани и индивидуалисти. Ракописот со силен притисок укажува на тоа дека имате силни емоции и реагирате брзо, а лесниот притисок врз хартијата подразбира леснотија и можност за движење од едно на друго место.

12. Начинот на кој ја носите чантата

Ако ја носите чантата на рацете, тоа покажува дека вие се цените себеси и се држите до вашиот социјален статус. Ако ја носите чантата преку рамото, така што е пред вашето тело, покажува дека ја користите како заштита и дека не сакате да бидете достапни.

Ако ја туркате чантата зад вас, тоа открива дека сте ладна и мирна личност. Луѓето што носат спортски ранец се независни и сакаат да се грижат за себе и за луѓето околу нив, додека оние што ја носат чантата во рацете имаат тенденција да бидат наметливи, добро организирани и ефикасни.

Прочитајте кои се 6-те навики на вистински самоуверените луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар