Набљудувајте ги луѓето додека јадат храна за да откриете дали се агресивни
Храната е многу повеќе од задоволување на гладот, тоа е емотивен процес и тешко е да ги скриете вашите вистински емоции додека јадете. Тие се очигледни. Затоа, добро погледнете како јадат луѓето околу вас.
Ако некој јаде желно, брзо и невешто, станува збор за невоспитана и примитивна личност. Дури и ако сè останато прави поинаку.
Деловните луѓе полни со енергија јадат брзо и прецизно. Но, таквите луѓе можат многу да се налутат ако храната доцни. Ги нервира туѓата слабост и губењето време. Сепак, тие ретко го критикуваат квалитетот на храната.
Агресивните луѓе сакаат крцкава и цврста храна. Тие обожаваат силно да ги гризат зеленчукот и месото. Умерената агресија не е лоша, таа само покажува одбрана на сопствените интереси. Тоа е добро за работата.
Загрижената личност на која ѝ е потребна љубов често посегнува по слатки затоа што има потреба од ендорфин, среќа и пофалби. Оние луѓе што сакаат да јадат слатки, најчесто немаат слатка и љубезна личност во своја близина. Тие едноставно очекуваат премногу од луѓето.
Оние луѓе кои ја штитат чинијата со своите раце покажуваат дека се многу посесивни и љубоморни. Оние кои агресивно мавтаат со вилушката и со ножот додека јадат, покажуваат дека се подготвени да го одбранат тоа што е нивно.
Деликатните луѓе претпочитаат мека храна: пудинзи, мусака, кремаста храна итн.
Врз основа на тоа како една личност ја јаде својата храна, таа открива и ситници и недостатоци. Поради тоа, паметните луѓе измислиле бонтон за на маса. Тешко е да го откриете карактерот на воспитаната личност затоа што таа се придржува до општите правила. Но, нејзиниот главен квалитет е придржувањето кон општествените норми.
Прочитајте што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер.