На светот постојат три видови луѓе и видот во кој спаѓате ја одредува вашата судбина
Кога станува збор за менталното и за емоционалното здравје, постои еден клучен фактор, а тоа е сфаќањето кој одбранбен механизам треба да го искористите за надминување на проблемите. Приказната постојано се повторува во текот на животот – се соочувате со животни пречки, страдате и се обвинувате себеси за тоа што не сфативте како да излезете од сето тоа, по можност неповредени.
Меѓутоа, наместо да се казнувате себеси и да го барате виновникот, треба да обрнете внимание на една многу важна работа. Желбата да избегате или исправено да ги издржите ударите е всушност „програмирана“ реакција на мозокот. Фигуративно кажано, тоа се „фабрички подесувања“ што можат да се надоградуваат и да се унапредуваат, исто како и мобилните телефони. Од ова можете да заклучите дека вашата отпорност е директно поврзана со квалитетот на животот, а подлабокото разбирање на механизмот на отпорност може да ви помогне многу.
Зошто нечиј мозок е отпорен на стрес, а нечиј не?
Клучот за отпорност се наоѓа во вашиот мозок. Луѓето што се отпорни на стрес знаат како да ги „исклучат“ вознемиреноста и нерационалните мисли во екстремни ситуации.
Научниците од Универзитетот во Њујорк направиле интересно истражување и откриле директна врска помеѓу воспитувањето на детето во здрава околината и неговата способност да се справи со стресот и со вознемиреноста подоцна во текот на животот.
Децата на кои им се посветува помалку внимание го носат тој белег во мозокот, а најпогодена е амигдалата, делот од мозокот што е одговорен за контролирање на стравот и на емоциите. Ова значи дека детето што не добивало доволно внимание во детството и не се чувствувало безбедно, во иднина нема да знае како да управува со своите емоции.
Погледнете какви видови луѓе постојат во зависност од тоа како реагираат на стресот.
1. Луѓе од челик
Стресот буквално се одбива од овие луѓе, но таквиот одговор на стресот може да биде многу штетен и може да носи повеќе ризик отколку корист. Кога целосно се изолирате од стресот, ја пропуштате можноста да научите важни животни лекции, па за вас не постои можност да стекнете нови искуства што ќе ви помогнат да не ги повторувате истите грешки подоцна во животот.
Сепак, ниту една личност во светот не е целосно отпорна на стресот. Никој не е целосно направен од челик. Маската на рамнодушност што луѓето ја носат на лицето е емотивна и таа е склона кон пукање, и тоа кога човек најмалку се надева.
Треба сфатите дека никој не може и не треба да биде ѕид од којшто проблемите буквално ќе се одбиваат. Ваша задача е да ги усовршите потребните вештини што ќе ви помогнат да се справите со проблемите на најдобар можен начин, но и да успеете да ги решите.
2. Луѓе од пластика
Повеќето луѓе во светот ја користат оваа стратегија. „Пластичните“ луѓе веќе имаат некоја рана предизвикана од стрес или од некој сериозен проблем. Таквите луѓе се флексибилни и еластични како пластика, а тоа ги прави да бидат отпорни. Овие луѓе многупати имаат чувство дека ќе пукнат, но најчесто се извлекуваат.
3. Луѓе од стакло
Ова е дефинитивно најлошиот механизам бидејќи откако стаклото ќе се скрши, веќе нема помош. Таквите луѓе можат да бидат уништени од некои мали проблеми и да се распаднат на парчиња што никој нема да може да ги состави. Стаклените луѓе или стануваат потполно вкочанети и се оддалечени од сè и од секого или се целосно уништени.
Кој е клучот за здрава отпорност?
Мора да пронајдете средина помеѓу силата и флексибилноста, да достигнете ниво на зрелост што ќе биде доволно за да ги контролирате вашите емоции, но и да си поставите приоритети и да ги промените начинот на размислување и механизмот на одбрана.
Ако дозволите да превладува вродениот механизам, на крајот ќе станете луѓе од стакло и ќе се распаднете на парчиња на најмалата пречка во животот.
Ако мислите дека механизмот на челикот е најдобриот избор, не залажувајте се. Оваа тактика ќе ви ја земе целата енергија и ќе направи да размислувате само за тоа како да не бидете повредени, а вашиот вистински живот ќе биде ставен на чекање.
Клучот за здрава отпорност е да станете „материјал“ помеѓу пластика и бамбус – материјал кој е флексибилен, но истовремено и издржлив што ќе ви овозможи да ги надминеме тешкотиите.
Можеби ве интересира кои 6 знаци покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај.