Најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

Најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

Иако туристите го опишуваат паркот како застрашувачки токму поради стотиците камени, но живописни фигури, ова место и понатаму е цел на бројни посетители. Морничавите камени скулптури се дело на јапонските уметници, кога Мукуа Фурукава во 1989 година платил на еден кинески скулптор 6 милијарди јени (44 милиони евра) за сите фигури и се надевал дека ќе траат вечно.

Во внатрешноста на најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

Фигурите се поставени близу градот Осавано во Јапонија, во селото Фуреаи Секибитсу но Сато, што во превод значи село каде што можете да запознаете будистички статуи. Денес, повеќе од 800 сиви статуи стојат загледани во многуте туристи кои доаѓаат во посета на овој парк.

Во внатрешноста на најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

Фигурите претставуваат будистички божества, но и луѓе кои Фурукава ги запознал во текот на својот живот. Во некои делови на паркот тревата пораснала толку многу што на некои фигури им се гледа само врвот од главата.

„Селото е изградено како популарно туристичко место, каде луѓето може да дојдат да се опуштат, но јас се чувствував некако вознемирен од глетката“, вели фотографот Кен Охки.

Во внатрешноста на најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

Охки признава дека глетката е вознемирувачка, толку што тој почнал да се прашува дали фигурите ќе оживеат кога ќе се стемни.

Во внатрешноста на најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи

„Цело време имате чувство како нешто да се помрднува секој пат кога ќе се завртите“, вели Охки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар