На младите во Јапонија не им треба ни љубов ни секс
Младите луѓе во Јапонија не се заинтересирани за забавување, не сакаат да најдат љубовен партнер, не сакаат да се заљубат и не се заинтересирани за повремен секс.Според истражување на оваа тема спроведено во 2011 година, 61% од неженетите Јапонци и 49% од жените помеѓу 18 и 34 години, не се во никаква романтична врска, што е за 10% повеќе слободни млади луѓе, отколку пред 5 години.
Третина од Јапонците помлади од 30 години, никогаш немале девојка или дечко.
Друго истражување открило дека 45% од жените и четвртина од мажите на возраст 16-24 години, не се заинтересирани или го презираат сексуалниот контакт.
Во Јапонија, ваквата појава има име и се нарекува „sekkusu shinai shokogun“ или синдром на целибат, кој претставува проблем во земјата, чија популација рапидно се намалува.
Што е причината за тоа? Наводно, тешко им е да направат рамнотежа помеѓу кариерата и љубовниот живот.
„Не земам голема плата за да излегувам на љубовни состаноци и не сакам да бидам одговорен за жена, која ќе се надева на брак“ – вели 31-годишник, кој изјавил дека научил да живее без секс.
Од друга страна, една дама вели дека престанала да излегува со мажи, затоа што тие очекувале брак, а бракот е смрт за кариерата на жените во Јапонија:
„Шефовите претпоставуваат дека ќе затрудните и тогаш ќе морате да дадете отказ. На крај ќе завршите како домаќинка без никаков индивидуален приход. Тоа не е опција за жена како мене.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.