На која возраст спиењето има најголем ефект врз помнењето?

На која возраст спиењето има најголем ефект врз помнењето?

Добриот сон кај младите луѓе ја подобрува меморијата и до 28 години подоцна. Но, луѓето кои се во своите 70-ти, 80-ти и 90-ти не спијат толку добро и токму затоа се намалува и нивното помнење.

На која возраст спиењето има најголем ефект врз помнењето?

Д-р Мајкл К. Скалин, коавторот на ревизија која опфатила 2.000 различни студии вели:

„Ако спиењето ја подобрува меморијата и размислувањето кај младите возрасни, но со текот на годините се менува неговиот квантитет и квалитет, тогаш прашањето е дали добриот сон би можел да има одложено дејство. Дали е можно да инвестираме во спиењето како помлади отколку подоцна да се обидуваме да компензираме? Налетавме на голем број студии кои ни покажуваат дека добриот сон во средните години овозможува подобро ментално функционирање и до 28 години подоцна.“

Според оваа 50-годишна ревизија која била објавена во журналот „Perspectives on Psychological Science“, длабокиот сон има огромна листа на ментални придобивки. Една од нив е фактот што сеќавањата за време на сонот се разместуваат и сортираат така што подоцна ќе ни биде полесно да се навратиме на нив. Дури и спиењето преку ден, во форма на попладневна дремка, може да биде голема придобивка за меморијата, сè додека сонот навечер е доволен.

Како што поминуваат годините, така луѓето имаат тенденција да спијат полошо, со помалку длабок сон и повеќе будење во текот на ноќта. Д-р Скалин вели:

„Дури и покрај фактот што врската помеѓу сонот и меморијата се намалува со текот на годините, добриот сон сè уште се поврзува со менталното здравје, подобреното кардиоваскуларно здравје и помалку сериозни нарушувања и болести од сите видови.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар