На која возраст мажите и жените се најпривлечни?

На која возраст мажите и жените се најпривлечни?

Привлечноста е нешто за коешто не би требало да се разговара многу. Секој од нас си има критериуми според кои одредува дали му се допаѓа некоја личност или не. Па, во овој случај, генерализацијата воопшто не е од помош.

На која возраст мажите и жените се најпривлечни?

Но многу научници одлучиле да истражуваат на оваа тема и да утврдат во кои години од животот мажите и жените се најпривлечни.

Сосема очекувано, ситуацијата е различна во зависност од полот. Според Елизабет Бурч, професорка по социологија на Универзитетот во Мичиген, мажите им се најпривлечни на жените околу 50-тата година од животот. Односно, нивната најголема привлечност започнува кога ќе наполнат 40 години, а го достигнува врвот кога ќе наполнат 50 години.

Од друга страна, истражувањето покажало дека жените, според мислењето на мажите, се најпривлечни после 18-тата година од животот, а потоа нивната привлечност опаѓа.

Податоците од едно друго истражување покажале дека мажите ја поврзуваат привлечноста со младоста и сметаат дека жените се најпривлечни на 23-годишна возраст.

Што мислите вие? Која возрасна група според вас е најпривлечна?

Знаете ли кои се особините кај жените што мажите потајно ги бараат?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар