На кој начин работи едностраното огледало?
Сигурно сите сте виделе сцена од криминалистички филм каде што детективите набљудувале испрашување на осомничен преку прозорец кој од другата страна изгледа како сосема обично огледало…
Огледалото кое тие го употребуваат има тенок слој делумно рефлектирачка обвивка. Но, само околу 80% од светлината се одбива, додека останатите 20% поминуваат низ него. За да се надокнади за овој процес, собата за испрашување, односно страната каде што се гледа огледало, е околу 10 пати посветла за да им овозможи на набљудувачите од другата соба добро да го видат осомничениот.
Бидејќи собата за набљудување е многу потемна, количината на светлината која поминува од светлата соба не е доволна да создаде слика од темната страна. Поради тоа, колку и да се трудите, доколку сте во просторијата за испрашување, не можете да видите ништо од она што се случува од другата страна на огледалото.