Музејот на Шерлок Холмс
Музејот на Шерлок Холмс е всушност куќата на легендарниот фиктивен детектив од приказните напишани од Сер Артур Конан Дојл, која се наоѓа во Лондон. Според авторот, Шерлок Холмс и докторот Џон Ватсон живееле на адреса „Baker Street“ 221б во периодот помеѓу 1881 до 1904 година.
Во музејот на првиот кат се наоѓа продавница за сувенири, која е преполна со многу интересни и инспиративни подароци. Можете да купите качкет, луле, приврзоци, мали сувенири со ликовите и слично. На вториот кат од музејот се наоѓаат собата на Ватсон, канцеларијата на Шерлок Холмс и дневната соба. На третиот кат има восочни фигури од сите ликови, прикажани преку некои сцени од книгите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.