Музеј на флипери во Будимпешта: Една од најпопуларните туристички атракции во градот!
Скриен во подрум, во станбена зграда во зоната Újlipotváros, Будимпешта, се наоѓа рајот за љубителите на флиперите: малиот музеј на флипери отворен пред девет години е една од омилените туристички атракции во градот.
За сопствениците, бучниот и шарен свет на флиперите е повеќе од игра, тие се вистинска временска машина кои можат за миг да ве однесат назад во минатото. Музејот на флипери во Будимпешта располага со повеќе од 160 автомати, што го прави ова место една од најголемите колекции на флипери во Европа.
Најпопуларните флипери се оние од осумдесеттите години кои се сметаат за златната доба на флиперите. Некои од постарите флипери кои можете да ги видите овде се вистински антиквитети бидејќи потекнуваат од 1947 година. За околу десет и пол евра, колку што е цената на билетот, можете да поминете цел ден во музејот играјќи игри.
Откако прочитавте за овој музеј на флипери, можеби ќе сакате да прочитате и за најневеројатните нешта во музејот Смитсонијан.
Извор: punkufer.dnevnik.hr