Мустаќите прават разлика
Сте забележале ли дека повеќето значајни личности од историјата, ја потврдувале својата сила, мажественост и гордост носејќи мустаќи? Ќе ве потсетиме на неколку такви, кои не би делувале ни малку сериозно, доколку би ги немале тие јаки влакна стилизирани на различен начин на нивните лица.
Ова е месецот на растење мустаќи. Т.н. месец „моеври“ го обележуваат мажите низ целиот свет на тој начин што ги оставаат нивните мустаќи да пораснат со тоа давајќи поддршка за решавање на здравствените проблеми со кои тие се соочуваат. Доколку сакате да го поддржите движењето, можете да донирате пари во Истражувачкиот фонд за рак на простатата во Сингапур или барем и самите да поносите мустаќи.
Доколку немате, можете барем виртуелно да си направите, и тоа без разлика на вашиот пол. Вашиот нов имиџ и поддршка можете да ги покажете на Фејсбук.
protester ne znaci protestant (pripadnik na nekoja od reformiranite risjanski crkvi), tuku protester (del od protestna grupa, aktivist koj javno iskazuva protest). Gandi ne bil protestant zaboga!!! Nego go povikuval narodot na miren bunt (eden vid protest).
Благодариме за објаснувањето. Сепак, таков збор – протестер, не постои во македонскиот јазик, а протестант е превод од англискиот protester.
Тогаш преведете го како активист. Поарно тоа отколку погрешен превод само затоа што немало соодветен збор.