Мудрости за животот од мечето Вини Пу
Некои денови едноставно не можете да се расположите, да си дојдете на себе за да го истуркате денот и да завршите со сите задачи кои се пред вас. Во такви моменти може да ви помогнат мудростите од мечето Вини Пу, кои барем малку ќе ве расположат и ќе ви помогнат со насмевка да го поминете остатокот од денот.
„Не потценувај ја вредноста на тоа да не правиш ништо или само да продолжиш да ги слушаш нештата кои не можеш да ги чуеш и да не се грижиш.“
„Ако личноста со којашто зборуваш изгледа како да не те слуша, биди трпелив. Можеби едноставно има мало парче памук во ушите.“
„Понекогаш, најмалите нешта зафаќаат најмногу место во твоето срце.“
„Ако некогаш дојде ден кога нема да можеме да бидеме заедно, задржи ме во срцето и јас ќе останам таму засекогаш.“
„Ден без пријател е како грне без капка мед во него.“
„Прасето сфати дека и покрај тоа што има многу мало срце, сепак тоа може да чува голема количина благодарност во него.“
„Една од придобивките ако си неорганизиран е тоа што секогаш можеш да наидеш на изненадувачки откритија.“
„Реките го знаат ова: нема потреба од брзање. Сите ќе стигнеме таму еден ден.“