Мудроста што се крие зад победата без борба
Секојдневно се соочуваме со конфликти со различни луѓе. Колку повеќе улоги имате во општеството, толку поголема е веројатноста дека ќе се судрите со мислења и гледишта поразлични од вашите. Додека го браниме нашиот став пред противникот, ние започнуваме психолошки судир кој честопати доведува до сериозни психички повреди. Но, дали таквите последици се навистина неизбежни? Следуваат неколку ефективни техники на „психолошко аикидо“ кои ќе ви помогнат да го решите секој проблем без карање…
1. Психолошкото аикидо е исто како да одржувате баланс на топка. Треба да одржите рамнотежа пред да преминете на агресивно однесување. Будистите велат дека ако се препуштите на таквото однесување, ќе го ослабете отпорот.
2. Не се карајте, бидејќи на тој начин несомнено ќе се претворите во она против кое се борите. Премногу сила доведува до спротивен ефект.
3. Научете да бидете предводени, за да можете да ги водите другите.
4. Оној што вика на вас е во афективна состојба, што значи дека нивната свесност е исклучена. Смешно е да пробате да разговарате со човек чиј ум е целосно исклучен. Исто е како да зборувате со некој кој спие. Дали сте виделе некој да вика некому кога е добро расположен?
5. Ако и вие почнете да викате, тоа е исто како со весло да удирате човек што се дави. Тие навистина се дават во нивниот сопствен бес. Не помагајте им во тоа.
6. Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме други, викаме и плачеме. Тоа значи дека кога некој вика на нас, тој или таа всушност се чувствува лошо.
7. Знаете како да го сопрете нивното викање? Останете тивки и дозволете им да се смират. Не слушајте ги нивните зборови, тоа само нивната болка зборува. А како да останете вие смирени? Давајте си комплименти во себе: „Каков талент сум! Можам да останам смирен/а дури и со ваков човек!“. Обичната тишина има ефект на ладна вода. Додека вашиот противник беснее, гледајте го внимателно и слушајте го. Пуштете го да се олади.
Тешка задача е тоа да се препуштите и да молчите кога толку многу сакате да ја докажете вашата поента, но верувајте дека вреди. Ако едната засегната страна од конфликтот се однесува паметно, сите присутни ќе се чувствуваат посмирени. Токму затоа, усовршете ја вештината на психолошкото аикидо и на тој начин ќе го зачувате вашето здравје, но и мирот на вашите блиски.