Мудрите зборови на Чехов: 10 мисли од најголемиот руски литерат
Антон Павлович Чехов е човекот кој стои како синоним за руската книжевност и литература. Зад себе оставил многу дела, раскази и драми кои до ден денес стојат како доказ за неговата вешта писателска рака и неговата способност да ја анализира човечката психолошка и емотивна состојба. Во продолжение прочитајте дел од најдлабоките и најмоќните афоризми на Чехов, кои ќе ве замислат и ќе ве натераат да ги преиспитате познатите сознанија.
„Доброто воспитување не е во тоа да го истурите сосот на масата, туку да не забележите ако тоа го стори некој друг.“
„Колку е убаво да седите дома кога дождот тропа на кровот и кога знаете дека во вашиот дом нема досадни луѓе.“
„Ако не знаете што чувствувате кон човекот, затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш сѐ ќе ви биде јасно.“
„Не можете да барате од калта да не биде кал.“
„За да чувствувате среќа без престан, дури и во моментите на тага и жалост, треба да умеете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.“
„Колку прекрасен ден. Не можам да одлучам дали да се напијам чај или да се обесам.“
„Сѐ знаат и сѐ разбираат само будалите и аферистите.“
„Една болка секогаш ја намалува другата. Застанете ѝ на опашката на мачката која ја боли заб и веднаш ќе ѝ биде полесно.“
„Стотини милји празна, еднолична, изгорена степа не може да предизвика толку длабока депресија како еден досаден човек кој седи, зборува и не се знае кога ќе си замине.“
„Ако сакате да имате малку време, не работете ништо.“