Мудри мисли од Наполеон Бонапарта
Автор: Бојана Мандевска
Наполеон Бонапарта – француски император и голем реформатор. Се смета за еден од најголемите воени гении на 19 век. Ги има освоено западна Европа и Египет. Се трудел за обединување на незадоволниот народ како и за подобрување на условите за живот. Во 1804 година самиот се прогласил за император на Франција. Наполеон Велики бил голем генијалец, монарх кој особено многу ја ценел лојалноста.
Тој како прв конзул и император побарал од сите писатели, уметници и артисти да ги опејуваат и раскажуваат неговите победи. А како најголем спомен за неговите победи е изградбата на Триумфалната капија во Париз.
Многу мудри мисли и изреки искажани од Бонапрата останале да сведочат за неговата генијалност:
„Лидерот е трговец со надеж.“
„Човекот се бори посилно за своите интереси отколку за своите права.“
„Сликата вреди илјада зборови.“
„Способноста е ништо без можноста.“
„Храброста е како љубовта, мора да постои надеж за таа да се потхранува.“
„Оној кој знае да ласка, знае и да клевети.“
„Ако сакаш некоја работа да биде добро направена, сработи ја сам.“
„Имагинацијата владее со светот.“
„Во политиката глупавоста не е хендикеп.“
„Никогаш не прекинувај го непријателот додека прави грешка.“
„Ништо не потешко, а истовремено и поскапоцено од тоа да можеш да одлучуваш.“
„Победата им припаѓа на најупорните.“
„Најсигурниот начин да останеш сиромашен е да бидеш чесен.“
„Фрли ги твоите грижи заедно со алиштата кои ги соблекуваш навечер.“
„Религијата е она што ги спречува сиромашните да ги убијат богатите.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.