Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

Не е ништо ново тоа дека индиската култура и традиција е богата со неизмерна и непроценлива мудрост која секој човек може да го наведе на размислување и да му го промени погледот кон светот. Еден од најголемите филозофи и писатели со индиско потекло е Џиду Кришнамурти. Тој говорел за духовноста, медитацијата и човечките односи. Во продолжение прочитајте ги неговите најинтересни мудри мисли и цитати…

Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

„Учењето е движење од момент во момент.“

„Слободата од желбата за одговори е повеќе од потребна за да се разбере проблемот.“

„Мудроста ќе започне кога ќе ставите крај на патењето. Знаењето секогаш лежи во сенката на глупоста. Медитацијата значи ослободување од мислите и движење кон екстазата на вистината. Медитацијата е експлозија на вистината.“

„Важно е учењето. Кој е учителот, не е важно.“

„Слободата и љубовта одат заедно. Љубовта не е реакција. Ако те сакам затоа што ти ме сакаш мене, тоа е трговија, нешто што се купува на пазар, тоа не е љубов.“

„Сите идеологии се идиотски, било да се верски или политички, бидејќи тоа е концептуално размислување, концептуален збор, кој за жал толку длабоко ги има поделено луѓето.“

„Сите сакаме да станеме познати луѓе, но од оној момент кога ние сакаме да станеме нешто, ние не сме повеќе слободни.“

„Да се биде добро прилагоден во тешко болно општество, не е мерка за здравјето.“

„Сметам дека не постои пат до вистината, до неа не можете да стигнете преку ниту еден пат, ниту една религија, ниту една секта. Тоа е моето гледиште на кое сум потполно и безусловно доследен. Бидејќи вистината е неограничена, безусловна, недостапна преку ниту еден постоечки пат, не може да биде организирана. Ниту една организација не треба да биде создадена за да ги води или присилува луѓето на кој било посебен пат. Ако го разберете тоа, тогаш ќе видите дека не можете да ја организирате верата. Верата е лична работа и не треба и не смее да се организира. Ако го направите тоа, таа ќе стане мртва, кристализирана. Се претвора во религија, секта, верување кои им се наметнува на другите. Тоа е она што сите ширум светот се обидуваат да го направат. Вистината не можете да ја спуштите надолу, туку поединци мораат да вложат труд за да ја достигнат. Не можете да го спуштите планинскиот врв во долината.“

„Описот не значи да се опише нешто. Јас можам да ја опишам планината, но описот не е планина, а ако се внесете во описот, како што тоа го прават повеќето луѓе, тогаш никогаш нема да можете да ја видите планината.“

„Кога некој ќе го изгуби длабоко интимниот однос со природата, тогаш храмовите, џамиите и црквите стануваат значајни.“

„Ако сакате да ја барате вистината, морате да одите надвор, далеку од сите ограничувања на човечкиот ум и срце и таму ќе ја најдете, таа вистина е во вас самите. Многу поедноставно е самите да си ја поставите вашата животна цел, наместо да имате посредници, гуруа, кои неизбежно ја приземјуваат вистината и на тој начин ја изневеруваат.“

Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

„Во вас се наоѓа цел еден свет и ако знаете како да гледате и учите, вратите се таму, клучот е во вашите раце. Никој на светот не може да ви го даде тој клуч, ниту да ви ја отвори вратата… Никој освен вас самите.“

„На прашањето дали постои или не постои Бог, вистина или стварност, или како и да сакате да го нарекувате тоа, одговорот никогаш не можат да го дадат книгите, свештениците, филозофите и спасителите. Никој и ништо не може да одговори на тоа прашање, освен вие самите и токму затоа треба да се запознаете себеси. Несовршеноста лежи само во целосното непознавање на самите себе. Разбирањето е почетокот на мудроста.“

„Морате да ја разберете целината на животот, не само еден мал дел. Поради тоа морате да читате, да го гледате небото, да пеете и танцувате, да пишувате песни, да патите и да разбирате, затоа што тоа е животот.“

„Се случил неверојатен напредок од воловски запреги до млазни авиони, но од психолошки аспект, поединецот се нема воопшто променето, а општествените структури ширум светот ги создаваат поединците. Надворешната општествена структура е резултат на внатрешната психолошка структура на нашите меѓучовечки односи, затоа што поединецот е резултат на целокупното искуство, знаење и однесување на човекот. Секој од нас е складиште на минатото. Поединецот е човек кој го сочинува целото човештво.“

Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

„Ако навистина можеме да го разбереме проблемот, одговорот ќе се појави, затоа што тој не е одвоен од проблемот.“

„Во текот на верската историја верските водичи нè уверувале дека ако изведуваме одредени ритуали, повторуваме извесни молитви или мантри, се потчиниме на одредени шеми, ги потиснеме нашите желби, контролираме нашите мисли, игнорираме нашите страсти, ограничиме нашите апетити и се воздржиме од попуштањето на природните потреби, ние по доволно мачење на нашето тело и ум, ќе пронајдеме нешто значајно во овој мал живот. И тоа е она што милиони таканаречени религиозни луѓе го правеле со векови, без разлика дали сами оделе во пустина, планина и пештера или лутале од село во село со питачки стап, или, пак, во група се придружувале на некој манастир, тие ги форсирале нивните умови да се потчинат на утврдената шема. Но, измачениот ум, скршениот ум, умот кој сака да побегне од целата збрка, кој се одрекол од надворешниот свет и затапел од дисциплината и потчинувањето, таквиот ум, ќе го најде само она што се согласува со неговата изместеност.“

„Како човечки суштества кои живеат во овој ужасно грд свет, се прашуваме дали на ова општество, засновано на натпреварување, суровост и страв, може да му се стави крајот? Јас мислам дека тоа може да се случи само ако секој од нас го препознае клучниот факт дека ние како поединци, како човечки суштества, во кој било дел на светот и да живееме или на која било култура да припаѓаме, сме потполно одговорни за целокупната состојба на светот. Секој од нас е одговорен за секоја војна предизвикана од агресивноста на нашите сопствени животи, од нашиот национализам, нашата себичност, нашите богови, предрасуди, идеали и сето она што нѐ дели. “

„Насилство не е само да се убие некого. Насилство е кога користиме остри зборови, кога со нашето однесување ги бркаме другите луѓе, кога се покоруваме од страв. Така што насилство не е само организиран колеж во името на Бог, во името на општеството или државата. Насилството е многу посуптилно, многу подлабоко, а ние тонеме во длабоката бездна на тоа насилство.“

„Кога себеси се нарекувате Индиец, муслиман, христијанин, Европеец или што било друго, вие вршите насилство. Разбирате ли зошто е тоа насилно? Затоа што се делите себеси од останатиот дел од човештвото.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Коста Делов Reply

    „Да се биде добро прилагоден во тешко болно општество, не е мерка за здравјето.“
    Да се биде добро прилагоден во нездраво општество значи да се биде тотален конформист, да прифаќаме се што ни се наметнува, без да се обидеме нешто да промениме, па макар и со недозволени средства. Тоа значи да се биде човек без свој став, без способност за критичко размислување, човек со испран мозок, идеален за манипулација.

Остави коментар