Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни одошто сте

Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни одошто сте

На сите понекогаш ни треба дополнителна мотивација и инспирација во животот за да продолжиме напред. Многу често не сме свесни за силата што ја поседуваме, сѐ додека не се соочиме со некој предизвик кој ќе успее да го извлече најдоброто од нас. Но, доколку се наоѓате во тежок период од животот и мислите дека немате сила да продолжите понатаму, прочитајте ги следниве неколку мудри мисли кои ќе ја разбудат вашата внатрешна сила и ќе ја поттикнат да избие на површина…

Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни од она што сте

„Кога ќе се најдете во тесно и сѐ се врти против вас, и кога ќе дојдете до момент кога ви се чини дека не можете повеќе да издржите, не се предавајте! Токму тоа е моментот кога започнува целиот пресврт.“

„Ако сакате да успеете, морате да научите да живеете со неуспесите. Многу поголема мудрост стекнуваме врз основа на нашите неуспеси, отколку врз основа на нашите успеси.“

„Ако одлучите, почнувајќи од утре, да вложувате во вашата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, во вашиот живот ќе почнат да се случуваат чуда.“

„Најмногу од сѐ ценете ја љубовта што ја добивате. Таа ќе остане со вас уште долго откако целото ваше злато и добро здравје ќе исчезне.“

„Не можете да владеете со успехот, можете само да го заслужите.“

„Единствениот пат до успехот е ако дадете повеќе од она што се очекува од вас, без оглед на тоа за каква задача станува збор. Оваа навика ја негуваат сите успешни луѓе од самиот почеток.“

„Секогаш кога се потценувате себеси и вашите таленти, вие сте предодредени за неуспех. Ако не верувате во своите вештини, искуство или знаење, светот многу брзо ќе се сложи со вашата проценка и ќе се соочите со тажна иднина која не сте ја заслужиле.“

„Никогаш не ги натрупувајте вашите денови и ноќи со банални и неважни работи, бидејќи нема да имате време да се соочите со вистинските предизвици кога ќе дојде време за тоа.“

„Не можете да напредувате ако живеете како самотник. Мора да сте во допир со светот и со сите негови паради на несреќи и критичари, без да дозволувате тие да ја уништат вашата парада.“

Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни од она што сте

„Не постои човек кого другите можат да го лажат толку многу, колку што тој може да се лаже самиот себеси. Кукавиците се лажат дека се само внимателни, а себичните дека водат сметка за своите пари. Ништо не е полесно од тоа да се лажете себеси, бидејќи најлесно е да верувате во она што сакате да верувате.“

„Постојат два вида незадоволство на овој свет: Незадоволство кое поттикнува на работа и незадоволство кое предизвикува очај. Првите евентуално го добиваат она што го сакаат, додека вторите го губат и она што веќе го имаат. Единствениот лек за првите е успехот, а за другите лек нема.“

„Добро е да се има пари и сите оние работи кои можат да се купат со пари, но добро е да застанете бар еднаш и да бидете сигурни дека не сте ги изгубиле оние работи кои не можат да се купат со пари.“

„Секогаш стремете се да бидете поголеми од она што сте. Морате да се надминете себеси. Во секоја ваша следна постапка, средба и размислување, обидете се да бидете подобри од претходно. Сега сте она што сте, но за еден час мора да бидете повеќе од она што сте сега. Сѐ што ќе почнете да правите, вложете уште повеќе труд за да се надминете себеси.“

„Најголемите успеси се отвораат пред вас само ако ги преземете најтешките ризици со ладнокрвно и проникливо расудување.“

„Добрите мисли и добрите постапки никогаш не можат да дадат лоши резултати. Лошите мисли и лоши постапки никогаш не можат да дадат добри резултати.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар