Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

Поговорките се едно од најголемите богатства во фолклорот на секој народ. Луѓето создавале поговорки за да пренесат мудрост и искуството на идните генерации.

Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

Во секоја поговорка се крие длабока мудрост. Тие помагаат во пронаоѓање решенија, справување со тешки ситуации и донесување правилни одлуки. Денес ви споделуваме индијански поговорки кои сигурно ќе ве воодушеват со својата мудрост.

„Дури кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се улови последната риба и ќе се отруе последната река, ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“

„Не дозволувајте вчерашниот ден да ви троши премногу време и енергија од денешниот ден.“

„Во секој од нас се борат два волци. Првиот е зол, вториот е добар… Кој волк ќе победи? Оној што го храните.“

„Лесно е да се биде храбар од далечина.“

„Веќе имате сè што ви треба за да бидете одлични.“

„Ниту една река не може да се врати на својот извор, но сите реки мора да имаат почеток.“

„Не можете да разбудите личност која се преправа дека спие.“

„Добро постапувајте со земјата: не ви ја дадоа вашите родители туку вашите деца ви ја позајмија. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца.“

„Не се потребни многу зборови за да се каже вистината.“

„Колку повеќе знаете, толку повеќе ќе верувате и помалку ќе се плашите.“

„Пазете се од човек што не зборува и куче што не лае.“

Откако ги прочитавте овие индијански поговорки, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 17 јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар