Мудра наставничка користи фластери за да им ја објасни на 8-годишните деца разликата помеѓу рамноправност и правичност
Децата се паметни, љубопитни и прилагодливи, а со правилните наставни методи се способни да научат предизвикувачки концепти со неверојатна леснотија. Корисничка на Тамблр aloneindarknes7 го илустрирала ова, споделувајќи го начинот на којшто таа како наставничка ги подучува нејзините 8-годишни ученици, за разликата помеѓу две многу слични, но сепак различни идеи: рамноправност и правичност. Постот првично се појавил на Тамблр сајтот „Citizenship and Social Justice“ (Државјанство и опшетствена праведност) кој покрива теми околу класните, расните, половите и едукативните разлики и активизмот.
Оваа наставничка која веќе предава 3 години, ја научила оваа техника од нејзиниот претпоставен. Таа навистина ужива во приложувањето важни општествени концепти на нејзините млади ученици, со цел да го заинтересира нивниот ум и да им помогне да станат одговорни возрасни личности во иднина.
„Постојат толку многу различни трикови и техники со кои може да се влее чувство за социјална свесност кај учениците од различни возрасти. Сѐ што треба да сторите, е да ги направите овие концепти релевантни за нив и на ниво коешто тие можат да го разберат“, објаснува корисничката на Тамблр aloneindarknes7.
„Највредниот дел од мојата работа, е гледањето на возбудата кај моите ученици. Кога се вклучени во некој проект, тие можат да бидат предизвикани и поттикнати на акција и возбудени кога ќе видат добри резултати од некој тест. Секојпат ми претставува неизмерно задоволство, да забележам како нивните лица блескаат од радост.“
Сепак, познавањето на разликата помеѓу овие два концепти и учењето како да се имплементираат во реалниот живот, се две сосема различни нешта.
Оваа слика беше неодамна објавена на Тамблр, којашто сликовито ја објаснува разликата помеѓу рамноправноста и правичноста, па наставничката решила да објасни како 8-годишните децата ги сфаќаат овие концепти.
Откако го прочитале методот на оваа наставничка, разни луѓе на Интернет започнале фасцинантна дискусија за нееднаквоста, правдата и разни други социјални проблеми, коишто поттикнуваат на критичко размислување. Прочитајте дел од нив во продолжение:
„Кога секој на планетава би ја научил оваа лекција на 8-годишна возраст, сите ќе живеевме на подобро место.“
„ГОСПОДЕ БОЖЕ, ОВА Е СОВРШЕНО. Ќе го применам овој метод на моите ученици оваа школска година!“
„ТОА е една импресивна воспитна стратегија.“
„Ова е брилијантна подучувачка аналогија.“
„Секој којшто има брат или сестра, ги знае овие концепти. Родителите подеднакво ги сакаат своите деца, но на секое дете му е потребен различен начин на воспитување и различни ресурси.“
„Овој пример претставува една позитивна акција за соодветна правичност за сите, но некои мислат дека само се обидуваме да им дадеме можности на ,луѓе коишто не го заслужуваат тоа’.“
„Сосема е во ред кога ги искачуваме сите луѓе на повисоко, подеднакво ниво. Проблемите настануваат кога ги спуштаме луѓето на пониско, подеднакво ниво.“
„Еднаквост во можностите, е сосема различно од еднаквост во резултатите.“
„Властите треба да се обидат да гарантираат подеднакви можности, не еднакви резултати од тие можности.“
„Правичноста треба да постои во некои случаи, како што се примерите со фластерите и велосипедите. Но, не треба да се применува правичност баш во сите случаи.“
„Реалниот проблем е дека еднаквоста и правичноста се во основа два исти зборови, коишто се само семантички раздвоени. Тоа е плитка игра на зборови.“
Прочитајте и за оваа учителка која им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци, а нивните одговори ќе ви го скршат срцето.