Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?

Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?

Боите имаат силно влијание на нашето расположение, но и на сите наши сетила. Тие можат да ни предизвикаат разни позитивни чувства како задоволство, радост, да ни го отворат апетитот и да направат да изгледаме попривлечно. Но, постојат и нијанси кои го имаат спротивниот ефект. Една од нив е бојата која воедно е прогласена и за најгрдата боја во светот.

Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?

Станува збор за кафеаво-зелена нијанса, комбинација од зелена и каки боја која добила бројни епитети како боја на нечистотијата, талогот, па дури и смртта, а нејзиниот службен назив гласи Pantone 448C или opaque couché.

Иако оваа боја остава многу негативен впечаток, пораката која би требало да ја пренесе е всушност многу важна и моќна. Имено, од сите бои и нијанси на сончевиот спектар, најгрдата боја на светот има цел да влијае на пушачите и да ги поттикне да престанат со пушење.

Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?

Пред 4 години, австралиската влада ангажирала истражувачка агенција која имала задача да го направи најнепривлечниот дизајн на кутиите за цигари и тој би требало да биде единствен за сите фабрики за тутун.

По 3 месеци истражување, експертите дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да се постигне токму со бојата opaque couché која во комбинација со графичките предупредувања за опасноста по здравјето има неверојатно негативен ефект на корисниците на производите од тутун.

Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?

Пред да биде донесена конечната одлука за бојата која би можела да им помогне на пушачите да ги откажат цигарите, во потесниот круг за најнепривлечни бои се нашле и бојата на лимон, белата, беж, темно сивата, бојата на сенф, но и темно кафеавата која прва испаднала од конкуренција бидејќи премногу потсетувала на омилениот десерт на многумина – чоколадата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар