Можете ли да ја најдете вкусната закуска што се разликува од останатите?
Сите ги обожуваме интересните загатки што ни го тестираат мозокот. Доколку сте расположени за еден краток и забавен тест, сигурно ќе ви се допадне овој што ќе ви го понудиме денес. Дали вашата моќ за набљудување е доволно развиена за да забележите која од закуските на сликата се разликува од останатите?
Овие вкусни ужини се украсени со маслинки, шунка, кашкавал и салама. Иако сите се разликуваат меѓусебно, една од закуските малку повеќе се издвојува од останатите. Разгледајте ги различните илустрации и обидете се да дојдете до вистинскиот одговор.
Успеавте да ја најдете? Доколку немате идеја за што се работи, ќе ви дадеме мала помош: Обрнете внимание на бројот на производи што ги содржи секоја закуска. Ако сепак не можете да се снајдете и сакате да се откажете, прочитајте го одговорот на оваа загатка.
Одговор
Ако погледнете повнимателно, ќе забележите дека закуската под број 6 е составена од 3 различни производи: маслинка, парче шунка и парче кашкавал. Сите други закуски содржат по 2 различни производа.
Доколку ви се допадна оваа загатка, тестирајте ја вашата моќ за забележување детали и решете го овој краток тест.