Претходно
Можете ли да ги решите овие загатки за деца?
Загатките за деца изгледаат лесно, но треба да сте мудри за да ги решите. Подгответе се за размислување и решете ги следниве загатки заедно со вашите деца.
1. Секогаш сум на трпезариската маса, но никогаш не ме јадеш. Што сум?
Одговор
2. Постои една куќа со еден кат во која сѐ е жолто. Ѕидовите се жолти. Вратите се жолти. Дури и мебелот е жолт. Куќата има жолти кревети и жолти каучи. Во која боја се обоени скалите?
Одговор
3. Што е многу лесно да се направи, а многу тешко да се поправи?
Одговор
4. Кој збор има 31 буква, но само три слогови?
Одговор
5. Што можете да слушнете, но не и да го допрете или да го видите, иако го контролирате?
Одговор
6. Едно девојче паднало од скала која е висока 10 метри, но не било повредено. Зошто?
Одговор
7. Често те следам и ги имитирам сите твои движења. Сепак, не можеш да ме допреш или да ме фатиш. Што сум јас?
Одговор
8. Еден дедо излегол на прошетка и почнало да врне дожд. Тој немал чадор, ниту шапка. Неговите алишта се намокриле, но на главата не му се намокрило ниту едно влакно. Како е можно?
Одговор
9. Што има стрелки, но не покажува насока?
Одговор
10. Му давам вкус на јадењето и имам многу слоеви, но доколку ми се приближиш ќе те расплачам. Што сум јас?
Одговор
11. Што има нозе, но не може да оди?
Одговор
12. Ме гледаш и во јуни и во декември, но никогаш во мај. Што сум?
Одговор
13. Што можеш да прекршиш, но никогаш да го залепиш или да го допреш?
Одговор
14. Поминувам низ твојот имот и околу цел двор, но никогаш не се движам. Што сум?
Одговор
15. Треба да ме отвориш, но немам капак, ниту друг отвор. Што сум?
Одговор
16. Што е потешко: еден тон цигли или еден тон пердуви?
Одговор
17. Татко му на Петар има три синови: Дарко, Иван и… Како се вика третиот син?
Одговор
18. Секогаш сум пред тебе, но никогаш зад тебе. Што сум јас?
Одговор
19. Кој месец од годината има 28 денови?
Одговор
Доколку штотуку започнавте да го загревате мозокот, обидете се да ги решите и овие интересни загатки.