Можете ли да ги најдете сите 12 камуфлирани војници во џунглата?
Станува збор за фотографија што го збуни Интернетот. На неа има дури 12 британски војници кои се кријат во џунгла во Брунеи. Тие се камуфлирани меѓу дрвјата и лисјата како дел од нивниот тренинг.
„Интелигенцијата што се крие зад оваа комплицирана и смртоносна уметност е пресудна за успехот на британската војска во битката“, напишала британската војска на Фејсбук.
Разгледајте ја фотографијата внимателно и обидете се да ги најдете сите 12 војници. Можеби ова ви делува како невозможна мисија, но не се откажувајте! Доколку навистина немате трпение, секогаш можете да го погледнете одговорот, но ние ви советуваме да бидете упорни. За колку време успеавте да ги најдете сите камуфлирани војници?
Одговор
Доколку оваа загатка ви беше интересна, обидете се да ја најдете пандата на сите овие слики.