Можете ли да чувате тајна? Ако сте жена, најверојатно одговорот е НЕ!

Можете ли да чувате тајна? Ако сте жена, најверојатно одговорот е НЕ!

Ако вашиот одговор е ДА, тогаш или се лажете или сте една од ретките личности што успеваат во оваа цел. Кога станува збор за жени, едно неодамнешно истражување открило дека просечното чување тајни кај нив трае околу 32 минути. Научниците стигнале до овој резултат откако испитале околу 3.000 жени. Тие исто така откриле и други интересни информации.

mozhete-li-da-chuvate-tajna-ako-ste-zhena-najverojatno-odgovorot-e-ne-www.kafepauza.mk

Дури 85% од испитаните жени признале дека не се способни да чуваат тајна, без разлика на нивната важност, додека пак, 50% од нив објасниле дека чувствуваат огромно олеснување кога ќе ја споделат туѓата тајна со некој друг. Личностите на кој најчесто им ги откриваат туѓите тајни се нивните најдобри пријателки, партнерот или блиски членови на семејството.

Од друга страна пак, 40% од жените сметаат дека е сосема во ред да откријат тајна на личност што не ја познаваат, додека 13% од нив едноставно уживаат во озборувањето па сакаат да ги споделат информациите со сите што ги познаваат. Само 25% откриле дека чувствувале грижа на совест откако споделиле нешто што не било нивно за споделување.

Откривањето туѓи тајни не е етичко и не може да помине без последици, па затоа и секоја 10-та жена од ова истражување што учествувала во озборување изгубила блиско пријателство токму поради тоа. Довербата е клучна за секој однос, особено за пријателството. Ако споделите туѓа тајна нема ништо да добиете, баш напротив, можеби и ќе ја изгубите најважната личност во вашиот живот.

Прочитајте и за 11-те светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар