Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

Според една неодамнешна студија, луѓето можат да погодат одредени карактерни црти така што ќе помирисаат нечија маица. Студијата покажала дека поголемиот дел од испитаниците со ист процент на точност погодиле одредена карактерна црта и кога мирисале нечија маица и кога гледале видео од личноста на која ѝ припаѓала таа. Но, не сите карактерни црти биле лесни за забележување.

Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

Истражувачите откриле дека луѓето биле многу добри при идентификување на следниве карактеристики:

  • невротизам
  • екстраверзија
  • доминантност

Всушност, луѓето биле особено точни кога ја намирисувале доминацијата кај спротивниот пол. Миризбата, сама по себе, не овозможува многу податоци за дали некој е отворен за искуства, лесен за разговор или свесен за своите потреби.

За потребите на ова истражување, било побарано од 60 луѓе да носат обична бела маица во текот на 3 ноќи и да избегнуваат да јадат храна со интензивна миризба, како и да не ставаат парфеми. По изминувањето на овие 3 дена, испитаниците ги мирисале носените маици.

Доминација

Миризбата на доминацијата може да се поврзе со нивото на тестостерон. Според авторите на студијата, доминантното и агресивното однесување има тенденција да биде позитивно поврзано со зголемено ниво на тестостерон. Овој хормон стимулира лачење на потните жлезди, па затоа подоминантните мажи мирисаат поинаку од останатите.

Анксиозност

На сличен начин може да се открие и анксиозноста, која исто како и стравот е добро позната во животинското царство. Кога се исплашени и под стрес, животните создаваат феромони за предупредување кои ги испуштаат низ кожата. Доживувањето на овие емоции е проследено со серија неврохемиски промени, дел од кои можат да се испуштат преку потта.

Постари студии

Постојат и други начини што можат да објаснат како луѓето можат да намирисаат карактерни црти. Иако точниот механизам на кој ова се случува допрва ќе се истражува, сепак постои едно можно објаснување дека луѓето забележуваат одредени особини врз основа на пријатноста на миризбата на телото. Имајќи го тоа на ум, постара студија ни покажа дека можете да намирисате среќна личност. Постојат хемиски состојки во потта, што изгледа можат да бидат откриени од другите. Истото важи и за стравот и одбивноста, што други студии веќе докажале дека можат да бидат намирисани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар