Можат ли вашите соништа да ве направат уморни?

Можат ли вашите соништа да ве направат уморни?

Дали вашите соништа се толку многу реалистични што ве заморуваат? Само што сте летале, па ви паднале забите и на крај сте се бореле со мечка. Но сето ова било само сон и сега треба да се соочите со реалниот свет, а всушност се чувствувате изморено. Дали можеби вашите соништа ве прават уморни? Или пак, можеби само сте драматични?

Можат ли вашите соништа да ве направат уморни?

Доктор Раџ Дасгупта кој е професор асистент по клиничка медицина, смета дека самите соништа не прават да се чувствувате сонливо. Најмногу причината е тоа што кога сте во најдлабок сон, тогаш е најголема веројатноста да сонувате.

„Ако сонувате во РЕМ фазата, соништата не би требало да ве прават уморни бидејќи спиењето во РЕМ фазата е поосвежувачко. Во спротивно, доколку не сте во РЕМ фаза да, може да се појави замор во текот на денот.“

Според Националната фондација за спиење, во првите две фази од спиењето сонот е многу лесен, па лесно можете да се разбудите. Во текот на третата и четвртата фаза почнувате да паѓате во длабок сон од кој е потешко да се разбудите и вашето тело послабо реагира на надворешните стимули. На крај влегувате во РЕМ фазата, околу час и половина од почетокот на спиењето. Во една вечер искусувате неколку РЕМ фази и секоја трае околу еден час. Токму во оваа фаза се одвива најголем дел од сонувањето.

Но РЕМ фазата не е важна само поради соништата, според доктор Раџ таа е најважната од сите – ги обновува телото и умот и помага при одржување на здравјето и меморијата. Ако имате живи соништа, тогаш сте во РЕМ фаза.

Она што е навистина интересно е тоа што можете да сонувате и во другите фази. Во овој случај можеби не се одморате доволно навечер. Па, можно е соништата да ве направат уморни наредниот ден, во зависност од тоа во која фаза сте сонувале.

Додека РЕМ соништата нема да ве направат уморни, постојат други фактори што можат да го прекинат вашето спиење.

„Постојат многу нешта што можат да имаат влијание на квалитетот на вашиот сон. Многу лекови можат да ги спречат живите соништа и влегувањето во РЕМ фазата. Медицинските проблеми како хронична болка и киселини можат многу лесно да ве разбудат. Но самиот сон не би ве направил уморни.“

Со други зборови, дури и ако сте сонувале борба со мечка, без разлика колку изморено сте се чувствувале во моментот, најверојатно нема да се чувствувате уморно и во реалноста.

Воглавно, ако не спиете доволно во текот на ноќта, телото може да се справи со тоа многу подобро отколку што мислите.

„Кога не спиете доволно, телото настојува да заздравува. Знае дека ако сака да се наспие, потребни му се фазите. Кога телото заздравува од недостаток од спиење, влегува во најважната фаза, односно РЕМ.“

Значи, најдобро е да целите кон 7 до 8 часа спиење секоја вечер и немојте да размислувате премногу доколку ве разбуди некој кошмар сред ноќ. Најверојатно вашето тело ќе знае како да се справи.

Прочитајте нешто повеќе и за значењето на соништата што се повторуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар