Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница
Доколку сакате да се возите на ролеркостер во безбедноста на вашиот автомобил, тогаш овој 44-метарски мост во Јапонија може да биде вашиот билет за луда авантура. И покрај тоа што нема ненадејни кривини и позиции во кои ќе бидете со главите надолу, сепак острата удолница изгледа прилично забавно (или застрашувачко) кога се движите кон неа.
Мостот бил дизајниран на овој начин со цел бродовите да можат да поминуваат под него, но тоа воопшто не го прави помалку возбудлив. Тој е најголемиот мост во Јапонија и третиот најголем мост во светот. Изгледот на ролеркостер делува многу посилно кога тој е фотографиран однапред. Во реалноста, тој изгледа малку поблаго отколку на овие фотографии.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.