Мошна: Еден од најубавите дворци во светот
Дворецот Мошна е еден од најпознатите и најубавите дворци во Полска, a сместен e во близина на истоимениот град. Неговиот спој на неоготска, барокна и неоренесансна архитектура, огромната градина и 99-те кули, се заслужни за овој дворец да изгледа како од бајка.
Дворецот датира од 17 век, и иако се пронајдени многу постари подруми за кои истражувачите тврдат дека им припаѓале на Темпларите, сепак нема конкретни докази кои можат да ги потврдат овие тврдења. Средниот дел од дворецот е делумно уништен од пожар во 1896 година, а во истата година е обновен во својот оригинален изглед. Во 1900 година дворецот добил и источно крило кое е изградено во неоготски стил, додека западното крило е изградено во неоренесанса.
Целиот дворец има точно 99 кули. Содржи 365 соби сместени на 7.000 метри квадратни.
После Втората светска војна, дворецот немал постојан сопственик и бил дом на различни институции, а денес му припаѓа на Центарот за јавно здравство. Иако во него се лечат болни луѓе, посетата на туристи е дозволена. Дворецот исто така има и капела која се користи за концерти, а од 1998 година во него е сместена галерија во која редовно се прикажуваат изложби на разни уметници.