Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

Што се случува откако ќе се фотографираме? Личностите на овие фотографии сигурно не мислеле дека одговорот би бил морбиден. Сите имаме видено фотографии после некоја катастрофа, но има нешто навистина морничаво кај фотографиите направени неколку моменти пред да се случи нешто ужасно. Некои од фотографиите се толку „весели“ што настанот по нив изгледа уште повознемирувачки.

1. Фотографот Роберт Ландсберг го фотографирал ѕидот од пепел што го убил по ерупцијата на Света Елена. Успеал да го заштити филмот со неговото тело.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

2. Екипажот на вселенското летало Челенџер пред да се качат на него. Леталото се распадна 73 секунди по лансирањето и го уби целиот екипаж.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

3. Мајинг Н’Сека била медицинска сестра. Овде се грижи за болни за време на епидемијата од ебола во 1976-та година. Нејзината грижа довела кон тоа и таа да се разболи и почине кратко по настанувањето на оваа фотографија.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

4. Црвениот автомобил на фотографијата има бомба која уби 29 луѓе и повреди 220. Мажот и детето преживеале, но не и фотографот.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

5. 14-годишниот Кит Сапсфорд се сокрил во тркалото на авионот кој полетувал од Сиднеј кон Јапонија. Џон Гилспин, фотограф аматер, ја тестирал неговата нова леќа и случајно го фатил смртоносниот пад на Кит.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

6. На фотографијата се гледа Вилијам Дејв Сандерс кој води над 100 студенти надвор од кафетеријата за време на масакрот во едно средно училиште. Подоцна бил застрелан 2 пати во градите и не преживеал.

Морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар