Морбидни факти за единствената сигурна работа на светот – смртта

Морбидни факти за единствената сигурна работа на светот – смртта

Во животот може да се избегнат многу нешта, но една работа е сигурна – сите сме родени за еден ден да умреме. Колку и да звучи ова морбидно, стравот од смртта се победува преку соочување со фактите. Ова се некои од поинтересните и помалку познатите.

morbidni-fakti-za-edinstvenata-sigurna-rabota-na-svetot-smrtta-kafepauza.mk

1. Левучарите во просек умираат за 3 години порано од десничарите.

2. Нечитливиот ракопис на докторите е причина за 7.000 починати лица годишно.

3. Закопувањето живи луѓе датира од пред 350.000 години.

4. Некој извршува самоубиство на секои 40 секунди.

5. Ајкулите убиваат само по 12 луѓе годишно.

6. Околу 100 милијарди луѓе имаат умрено во историјата на човештвото.

7. Серискиот убиец Леонарда Чанчили е позната по тоа што ги претворала своите жртви во чајни колачи и потоа им ги сервирала на гостите.

8. Околу 153.000 луѓе умираат на твојот роденден.

9. Монт Еверетс има околу 200 мртви тела кои се означени на патот кон врвот.

10. Поголема е веројатноста да умреш од грмотевица, лизнувајќи се или давејќи се во када, отколку од тероризам.

11. За грчкиот филозоф Хризип се вели дека умрел од смеа.

12. Во градот Њујорк има повеќе самоубиства отколку убиства.

13. Во рок од три дена после смртта, ензимите кои го овозможувале варењето на храната во организмот почнуваат да го јадат него.

14. 35 милиони од вашите клетки умираат секоја минута.

15. На секои 90 секунди умира по една жена во текот на бременоста или при породувањето.

16. Пепелта од мртвото тело на креаторот на пакувањето на чипсот Принглс била сместена во една таква кутија.

17. Кога човек умира, последното нешто што го губи е слухот.

18. Распнувањето е сè уште дозволена форма на казнување во Судан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар