„Морате да се здебелите“: 10 бизарни барања на една невеста до нејзините идни деверици

„Морате да се здебелите“: 10 бизарни барања на една невеста до нејзините идни деверици

Не е воопшто необично невестите да имаат одредени молби и барања до кои другите би требало да се придружуваат на венчавката, но една невеста сепак отишла предалеку. За своите деверуши составила листа од претерани правила и помеѓу останатото им наредила дека мораат да се здебелат за ниту една од нив да не биде послаба од неа. На веб-сајтот Gawker една деверуша го објавила скоро бизарниот мејл што го добила од невестата. Во него невестата навела 10 зачудувачки правила до кои деверушите би требало да се придржуваат.

1-morate-da-se-zdebelite-10-bizarni-baranja-na-edna-nevesta-do-nejzinite-idni-deverushi-www.kafepauza.mk_

Добре дојдовте во мојата група на деверици. Денес е совршен ден за да го започнеме овој синџир, бидејќи останаа уште точно 6 месеци до мојата венчавка. Би сакала само да споделам неколку основни правила:

1. Дебелеењето ќе започне за три дена. Особено би сакала малку време после Денот на благодарноста за моето тело да го заборави сето она што го консумирало, па размислував да ви дадам малку време да се здебелите.

2. Никој не може да биде послаб од невестата. Тоа значи дека Кели и Лизи ќе бидат на исхрана базирана на протеини сѐ до мај. Ќе се договорам со нутриционистот да ви се јави за да се договорите за соодветен план на исхрана.

3. Кога ќе се приближи денот на венчавката, времето за одење на спиење ќе биде строго контролирано. Не можете да се појавите на мојата венчавка со подочници и потечени очи. Сигурна сум дека разбирате.

4. Во врска со костими за капење, би сакала сите да носите исти бикини кои на задникот со вештачки дијаманти ќе имаат испишано „деверици“, што нè води кон следната точка.

5. Сите бикини кои ќе ги носите мора да бидат без прерамки. Не можете на венчавката да имате грозни траги од сончање, бидејќи фустаните кои ќе ги носите се без прерамки.

6. Задолжително користете крем за сончање, бидејќи мораме да се погрижиме да зрачите и да изгледате убаво, а да не бидете црвени како рептили. Согласно со ова заштитете се од сонцето.

7. Кога сме кај говорите, сите знаеме што се случи на венчавката на Тејлор. Па, доколку планирате да одржите здравица, ве замолувам да ми го донесете говорот на одобрување и поправка, и тоа не подоцна од четири недели пред венчавката.

8. Кога зборуваме за фризурите, планирате ли да се шишате? Ве замолувам да ми ја донесете на одобрување избраната фризура, а тоа се однесува и на бојадисувањето на косата.

9. Присутноста е строго задолжителна на сите случувања, но ќе направам некои измени за секој случај.

10. Заборавете на сите идни тетоважи до 5-ти јуни. Оние кои веќе имаат видливи тетоважи ќе добијат упатство за „привремено“ отстранување на истите.

Ви благодарам на вашето време и разбирање. Доколку се придружувате до овие мали барања, сигурна сум дека ќе имате викенд за паметење. Само се шегувам, добро, на некој начин. Ве сакам сите!

Но, сепак изгледа дека не станува збор за шега, бидејќи истата деверица ги објавила и пораките кои следувале после првата и во кои невестата се расправала со пријателките кои направиле шишки или ја бојадисале косата без нејзино одобрување.

2-morate-da-se-zdebelite-10-bizarni-baranja-na-edna-nevesta-do-nejzinite-idni-deverushi-www.kafepauza.mk_

Во една порака пишувало:

Забележав (фотографија како доказ) дека една деверица го прекрши осмото правило. Сигурна сум дека тоа беше мало недоразбирање, моја непослушна пчелке, а би сакала да ве потсетам на последиците од прекршувањето на наведените правила. Непочитувањето на заповедите може да резултира со исфрлање од листата на деверици! Би ценела ако виновничката која ја променила бојата на косата веднаш ме побара, со предложено решение за истиот проблем до крајот на денот. Со почит, вашата пчела кралица.

Во друга порака пишувало:

Здраво мои вредни пчели, мислам дека можеме да започнеме со дневните гугл документи, во кои секоја ќе може да го забележува дневното внесување на калории. Поради испитот не успеав да се придржувам до неделното мерење, но мислам дека калкулаторот за храна би бил одличен начин за да го следам сечие внесување на калории. Што мислите за тоа? Се надевам дека сѐ е во најдобар ред. Исто така, најпослушната пчела ќе добие награда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар