Момците ги откриваат женските несовршености кои всушност ги обожаваат

Момците ги откриваат женските несовршености кои всушност ги обожаваат

Жените најчесто се многу опседнати со начинот на кој изгледаат. И додека некои од нив се прашуваат дали тоа го прават за мажите или пак, за себеси, добро е да се знае дека поголемиот дел од момците воопшто не се воодушевени со манекенската градба. Најголемиот дел од нив не сакаат слабички девојки кои би влегле во категоријата „коски и кожа“, особено ако се со ниска самодоверба. Имајќи го тоа на ум, ви ги издвојуваме следниве женски несовршености кои на мажите всушност им се допаѓаат.

Момците ги откриваат женските несовршености кои всушност ги обожаваат

Неколку вишок килограми

Мажите обично не се опседнати со совршено затегнато женско тело, бидејќи им се допаѓаат раскошните облини, особено ако се на девојка која ги „носи“ со самодоверба. За нив многу е поважно девојката да го сака своето тело и да се чувствува удобно во својата кожа, отколку да е многу слаба.

Опуштен изглед

Поголемиот дел од мажите без размислување би ви кажале дека опуштениот изглед, бушавата коса и лицето без шминка понекогаш може да биде многу посекси и попривлечно од целосно средениот изглед, од глава до пети. Особено во утринските часови.

Простор помеѓу забите

Верувале или не, оваа мала неправилност на женското тело може да биде силно оружје за заведување на мажите. Поради некоја причина, тие ги сметаат жените со простор помеѓу предните заби за многу попривлечни од останатите.

Неправилен нос

Доколку ги прашате мажите, тие би ви кажале дека „грчкиот“ нос му дава посебен шарм на женското лице, особено кога тоа е со правилни црти. Изгледа мажите не можат да одолеат на една мала несовршеност, скриена во совршеноста.

Мали гради

Според анкетите и истражувањата, најголемиот процент од мажите сметаат дека малите гради кај жените се многу посекси од големите. Жените со помали гради се послободни при изборот на модни комбинации, тие можат дури и да не носат градник, па поради тоа и повеќе ги привлекуваат мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар