Mокриот понеделник во Полска
Автор: М. Давидовска
(поднесено преку „Предложи содржина“)
Велигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.На овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.Во минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.Но, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.Покрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
Слики на Украина (Лавов). Не Полска!