Моќта на палењето свеќи: Сѐ што треба да знаете за овој ритуал
Свеќите треба да се палат со намера. Енергијата на запалените свеќи помага за промена на енергијата која ве опкружува. Ритуалот за палење е многу едноставен. Треба да се одлучите за намерата. На пример, тоа може да биде пронаоѓање работа, совладување на стравот, разрешување некои конфликти, духовен развој, добивање пари, дознавање на вистината, оздравување, остварување некоја цел, заштита, започнување и одржување среќна љубовна врска, отстранување на лошите навики или нешто друго.
Корисно е пред да ја запалите свеќата да ставите некое миризливо масло. Или ако немате такво, можете да го искористите маслиновото. Започнете од средината и ставајте кон северниот (горниот) дел и помислете на намерата која сакате да ја остварите. Секогаш тријте во иста насока и седум пати повторете си ја својата цел. Потоа, повторно од средината, тријте ја свеќата во насока на југ, односно кон нејзиното дно, повторувајќи ја мислата за она што сакате да го остварите. Кога веќе ќе го нанесете маслото, ставете ја свеќата на сигурно место и оставете да изгори до крај. Важно е да запаметите дека таа не мора да биде со некоја особена големина, но добро е да внимавате на усогласеноста на боите и своите намери.
Што значат боите?
- Жолта – за испити и креативност
- Зелена – за пари и плодност
- Златна – за самодоверба, богатство и заштита
- Црвена – за љубов, страст и физичка сила
- Портокалова – за страст
- Розова – за љубов
- Бледо розова – за нежност, љубов, пријателство, љубов со емоции
- Сина – за вистина, мудрост, лекување
- Виолетова – за контакт со духовниот свет, психички способности и психичко лекување
- Сребрена – за зајакнување на женската енергија, емоционална стабилност и интуиција
- Бела – може да ја замени секоја друга боја
- Кафена и црна – за внимание! Тие се како громобрани!
Важни напомени
Во свеќите можете да исцртате некои симболи: срце за љубов, знак како евро, долар или денар за пари, или пак едноставно напишете го името на тоа што го посакувате. Една свеќа можете да користите за една желба и никогаш не употребувајте ја истата за некоја нова, а исто така подобро е да ги палите со кибрит, отколку со запалка. Доколку поради некоја причина е невозможно да ја оставите свеќата да изгори до крај, можете да ја изгаснете, па откако ќе се вратите повторно да ја запалите со истата намера. Добро е да ја чувате во нејзиното пакување, при што во неа ќе остане стопениот восок и така ќе ја намалите опасноста од отворен оган.
Денови за палење
Недела (ден на Сонцето): Виталност, успех, сила, слава, ден за уништување на негативностите.
Свеќа: Златна за самодоверба, портокалова за сила, виталност и благодарност.
Понеделник (ден на Месечината): Мир, лекување, сочувство, плодност, прочистување, нега, ден за чувства.
Свеќа: Бела, сребрена.
Вторник (ден на Марс): Страст, храброст, заштита, ден за иницијатива, одлучност, енергија.
Свеќа: Црвена.
Среда (ден на Меркур): Свесен ум, учење, патување, мудрост, ден за планирање, комуникација, презентирање, бизнис, приватен состанок, интелектуални активности.
Свеќа: Жолта.
Четврток (ден на Јупитер): Пари, проширување, просперитет, ден за добивки.
Свеќа: Зелена за пари.
Петок (ден на Венера): Љубов, убавина, уживање, ден за исполнување желби.
Свеќа: Кајсија боја за љубов, црвена за љубов и страст, бледо розова за нежност, љубов и пријателство.
Сабота (ден на Сатурн): Долговечност, преземање обврски, ден за завети.
Свеќа: Бела или темно сина – поврзани се со трето око, заштита, вистина, искрен однос.
Психички способности бе? Дали преведувачот знае што точно значи psychic abilities? Отворете речник и поправете, срамотилаци!