Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

Сите имаме такви денови кога нашите потпетици едноставно не се однесуваат како што сакаме, карминот ни се размачкува и ни се кине или валка облеката. Пред да сфатиме, нашиот ден е упропастен поради „совршената“ комбинација и „прекрасната“ шминка терајќи нѐ да се чувствуваме непосакувано, несигурно и уморно. Прашањето е: Дали има начин се преобрати ефектот и да се развеселиме без разлика на јасно видливите штети во нашиот изглед? Секако дека има, а употребата на овие бои за да го подобриме расположението има голема улога во тоа.

1. За подобро расположение – црвена

1-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mk

Ако сакате да се чувствувате подобро, одлучноста да успеете и да имате внатрешна сила се од витална важност. Никогаш не е лошо да ја дофатите најхрабрата боја во палетата – црвената. Како сите живи и моќни бои, црвената асоцира на моќ, нѐ охрабрува да преземеме иницијатива и ја брише негативната енергија. Ова се потврдува со фактот што професионалците често носат црвено на натпревари и со тоа што таа е една од боите која се користи на возилата за брза помош и опремата за прва помош.

Црвената ни шепоти да бидеме храбри, а тоа резултира со добар ден без разлика што нашата коса, чанта или облека кажуваат спротивно. Кога веќе го кажавме сето ова, останува уште да ги проследиме зборовите на познатата Коко Шанел: „Ако сте тажни, нанесете повеќе кармин и напаѓајте!“

2. За енергетска поддршка – портокалова

2-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mk

Портокаловата има слични енергии како црвената, но сепак е поразлична. Наместо храброст или ароганција, портокаловата промовира енергија и акција без дрскост и со доза нежност која црвената ја избегнува.

Спортските компании оваа психолошка карактеристика на портокаловата боја ја користат врз нас и намерно прават облека во портокалови бои и преостанатите живи нијанси како електрично зелена и неонско розова. Тоа особено се забележува во спортската колекција на брендот H&М.

Следниот пат кога ќе имате проблеми со мотивацијата на сред кардио сесија, додадете малку портокалова и измамете го мозокот дека имате енергија. Таа ќе ви ја возобнови одлучноста, ќе ви даде енергија и ќе ве натера да го завршите тренингот со поголем успех отколку што сте очекувале.

3. За детоксикација на стресот – зелена

3-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mk

Не само што ги смирува нервите, туку и предизвикува хармонија во домот ако ја користите како доминантна боја во вашиот стан или куќа. Токму затоа голем дел од луѓето бараат нешто зелено – без разлика дали е корица на книга или пејзаж од природата пред да скокнат во лудиот ден исполнет со обврски. Зелената смирува и природно и фугиративно, но исто така ревитализира при стресни ситуации. Затоа прошетките во парк толку многу ве релаксираат. Сепак, внимавајте на жестоките неонски зелени кои имаат повеќе функција како црвената и предизвикуваат страст и енергија, а не опуштање и релаксација.

4. За да покажете кој е шеф – сина

4-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mk

Поради нејзиниот интензитет, а сепак резервирани квалитети, сината е популарен избор кога станува збор за професионална облека и конференции. Оваа боја се поврзува со смиреност и формалност, што ја прави добар избор за облека за на работа и за формални настани. Но, внимавајте кога ја користите во домот затоа што потемните нијанси повеќе асоцираат на тага отколку на смиреност.

5. Убавицата над сите бои – црна

5-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mk

Последна, но не и помалку важна е црната. Според бесмртните зборови на Тед Грант: „Кога фотографирате луѓе во боја, вие ја фотографирате нивната облека, но кога ги фотографирате во црно-бело, вие ги фотографирате нивните души.“

Боите не ни дозволуваат да го забележиме вистинскиот карактер на луѓето, но црната дозволува да се забележи вистинскиот облик на човекот, иако резервирана, сепак зрачи со сензуалност, моќна, но тивка и дефинирачка, а притоа конзервативна. Едноставно кажано, таа одговара на секоја прилика – од кежуал љубовен состанок до настан на црвениот тепих.

Затоа, ако сакате да влезете во елегантен и реномиран ресторан после работа, без да се пресоблекувате, носете мало црно фустанче. Така ќе се чувствувате добро облечени и елегантни, но сепак конзервативни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар