Моќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан
Познатиот зен монах Тич Нат Хан кој го ширеше будизмот и неговите постулати ширум светот, почина на 22 јануари на 95-годишна возраст. Тој работеше цел живот на ширење на будистичката филозофија за сочувство и мир и го посвети својот живот на учењето за свесноста. Благодарение на неговата работа, зен-будизмот денес е подеднакво прифатен како на Истокот така и на Западот. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати.
„Чекорите како со стапалата да ја бакнувате Земјата.“
„Сè е можно токму бидејќи сте живи.“
„Многумина сметаат дека среќата се заснова на возбудата… Но, кога сте возбудени, не чувствувате мир. Вистинската среќа се заснова на мирот во себе.“
„Понекогаш вашата радост е извор на вашата насмевка, но понекогаш вашата насмевка може да биде извор на вашата радост.“
„Да се биде убав/а значи да се биде свој/а. Не ви е потребно прифаќањето од другите. Самите треба да се прифатите себеси такви какви што сте.“
„На луѓето им е тешко да се откажат од сопствените страдања. Поради страв од непознатото, претпочитаат да страдаат од познатото.“
„Откажувањето од нештата ни дава слобода, а слободата е единствениот услов за среќа. Ако во нашето срце сè уште се држиме до нашите чувства – лутина, вознемиреност или материјални работи, не можеме да бидеме слободни.“
„Вистински духовен сопатник е оној кој ве охрабрува да погледнете длабоко во себе доколку сте во потрага по љубов и убавина. Вистинскиот учител е оној кој ви помага да го откриете учителот во себе.“
„Сите чувства – вклучувајќи ја љубовта, омразата и страдањето – треба да бидат нахранети за да продолжат да опстојуваат. Ако страдањето продолжува, тоа е затоа што ние продолжуваме да го храниме нашето страдање.“
„Морате да љубите на начин што љубената личност ќе се чувствува слободно.“
Откако ги прочитавте цитатите на еден од најпознатите будистички монаси во светот, можеби ќе сакате да прочитате и 15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир.
Извор: themindsjournal.com