Моќни цитати за животот и среќата од неповторливиот Иво Андриќ
Иво Андриќ отсекогаш поседувал моќ да ги воодушеви и освести читателите со неговите мудри мисли. Доказ за тоа е и неговата Нобелова награда за литература што ја добил благодарение на романот „Мостот на Дрина“. Не постои човек на светот кој не може да се пронајде во неговите длабоки зборови. Во продолжение прочитајте дел од неговите мисли и цитати кои ќе ви ги отворат очите и ќе ве натераат на размислување…
„Живееме! Да, господине, но како? Како да сме на некоја голема санта мраз што плови сѐ побрзо по сивиот океан под безименото небо во непознат правец и секој ден станува се помала и потенка.“
„Бидете среќни секогаш кога ќе ви се пружи можност за тоа и секогаш кога ќе најдете сила во себе, бидејќи моментите на чиста радост вредат и значат повеќе од деновите и месеците од животот поминати во матната игра на нашите ситни и крупни страсти и потреби. Нивното остварување е променливо и нездраво, а задоволството од нив несигурно и краткотрајно, само на себеси претставува цел и смисла. А минутата чиста радост засекогаш останува во нас како сјај што никој не може да го смрачи.“
„Не е срамота да се излажете од некоја голема надеж. Самиот факт дека таквата надеж можела да постои вреди толку многу што не сте ја платиле прескапо со вашето разочарување, колку и да било тешко.“
„Чувајте се од оној кој живее во вас и го заборавате, а кој честопати навечер носи брзи решенија, поради кои истата вечер се будите како од удар и облеани со врела пот како растопено олово пропаѓате од срам поради вчерашните непромислени одлуки.“
„Кога станува збор за внатрешните борби кои човек ги води сам со себе и со непознатите сили во себе, повеќе од кога било вреди правилото: Никогаш не предавај се.“
„Понекогаш доаѓаат такви времиња кога паметниот замолкнува, будалата прозборува, а безделникот се збогатува.“
„Колку повеќе внимавал што ќе направи, толку потешко решавал дали воопшто да направи нешто и сѐ помалку дејствувал.“
„Доблестите на еден човек ги прифаќаме и цениме во целост само доколку ни се прикажат во облик што одговара на нашите сфаќања и интереси.“
„Најголема будала не е оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дека сѐ што ќе прочита е вистина.“
„Јас не се плашам од луѓето, туку од она нечовечкото во нив.“
„Не постојат способности или добри особини кои не би сакале да си ги припишеме самите на себе, само што таа желба ја замолчува нашата контрола врз разумот, а ограничените и едноставните луѓе не знаат да ја сокријат туку отворено зборуваат за неа и се срамат во јавност со тоа што излегуваат смешни.“
„Дрскоста и упорноста се брат и сестра. Дрските и упорни луѓе никогаш не можат да ги поправат нивните мани и слабости, бидејќи никогаш не ги чувствуваат последиците од нивните мани на себе, не ни забележуваат дека ги имаат. Треба да се бега од таквите луѓе што подалеку.“
„Што вреди тоа да се има многу и да се биде нешто кога човек не може да се ослободи од стравот од сиромаштијата, ниту од простотилакот во мислите, ниту од грубоста во зборовите, ниту од несигурноста во постапките, кога горчливата, неизбежна и невидлива беда го следи човекот во секој чекор, а поубавиот, подобриот и помирниот живот исчезнува како лажливо привидение.“
„Луѓето се зли, подли и сурови од страв, но од страв можат да бидат и дарежливи, па дури и добри.“
„Човекот за да не застане и за да не се обесхрабри, се лаже самиот себеси, ги затрупува недовршените задачи со нови, што исто така нема да ги доврши, и во новите подвизи со нови напори бара нови сили и поголема храброст. Така човек се краде самиот себеси и со текот на времето си станува сѐ поголем должник сам на себе, но и на сѐ друго во негова околина.“
„За да се живее потребно е многу напор, а за секој напор – неизмерно голема храброст.“
„Во животот имало толку многу работи од кои сме се плашеле. А не требало. Требало да живееме.“