Моќни цитати за поголема самопочит!

Моќни цитати за поголема самопочит!

Дали некогаш ви се случило да се почувствувате себеси недостојни за љубовта и почитта од другите околу вас? Однадвор, вашиот живот можеби изгледа совршено, имате среќно семејство и родители кои ве поддржуваат. Сепак, понекогаш си велите дека не ја заслужувате сета таа среќа. Во продолжение прочитајте неколку инспиративни цитати кои ќе ви ја вратат самопочитта.

Моќни цитати за поголема самопочит!

„Обидете се да не се гледате себеси низ очите на оние кои не ве ценат. Знајте ја вашата вредност дури и ако тие не ја знаат.“ – Непознат автор

„Запомнете дека онаму каде е вашето срце, таму ќе го најдете своето богатство.“ – Пауло Коељо

„Да се биде убав значи да се биде свој. Не треба да бидете прифатени од другите. Треба да се прифатите себеси.“ – Тич Нат Хан

„Штом ќе научите како да бидете среќни, нема да толерирате да бидете во близина на луѓе кои прават да чувствувате нешто помалку.“ – Непознат автор

„Самодовербата е супер сила: штом ќе почнете да верувате во себе се случува магија“. – Непознат автор

„Не сакам да седам и да се надевам дека ќе се случат добри работи. Сакам да ги остварам. Сакам да ја контролирам сопствената судбина.“ — Дру Баримор

„Премногу луѓе го преценуваат она што не се и го потценуваат она што се.“ — Малколм С. Форбс

„Колку сте поискрени со себе, толку помалку некој друг може да ве повреди“. – Метју Кобах

„Ако имате идеја за која искрено мислите дека е добра, не дозволувајте некој идиот да ве предомисли.“ — Стен Ли (Марвел)

„Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи нешто друго е најголемото достигнување.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Понекогаш најтешкиот дел од патувањето е да веруваш дека си достоен за патувањето.“ ― Глен Бек

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн.

Извор: themindsjournals.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар