Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

Веројатно го препознавате овој британски комичар од неговите најпознати филмови „Заборавајќи ја Сара Маршал“ (Forgetting Sarah Marshall) и „Бегство од Вегас“ (Get Him to The Greek). Можеби и го знаете како безмилосниот срцкршач кој се разведе од Кејти Пери. На прв поглед тој делува како типичен глумец: Згоден, по малку ексцентричен, па дури и арогантен. Но, ако погледнете под површината, ќе дознаете дека Расел Бренд е всушност многу инспиративен човек.

Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

И покрај тоа што Расел не важи за совршен пример поради неговиот промискуитет, употреба на дрога и чудно однесување, тој е голем активист кој се бори за подобар живот и ги поттикнува и другите луѓе да го направат истото. Прочитајте ги неговите мудри и инспиративни цитати за животот, љубовта и среќата кои ќе ви го подигнат духот и ќе ве мотивираат да го живеете животот со полни гради…

„Не постои правило што вели дека мора да го живеам животот како сите останати.“

„Ако не си ги одберете вашите херои сами, некој друг ќе ги одбере за вас и тие повеќе нема да ги претставуваат вредностите што ви даваат сила, туку ќе ја претставуваат моќта што ќе ве претвори во робови.“

„Сѐ додека на прво место ги ставаме материјалните вистини наместо духовните, ќе живееме во тиранија, бидејќи живееме во илузија.“

„Ако сакате да бидете среќни, престанете да мислите само на себе и погрижете се и за другите луѓе.“

„Стравот се шири брзо. Љубовта се шири малку побавно. За разумноста потребно е повеќе време.“

„Луѓето кои велат дека системот функционира, работат за него.“

„Начинот на кој се однесуваме со ранливите луѓе е тоа што нѐ дефинира како битија.“

„Понекогаш кога сме разбеснети од жестоката појава на неправдата, првиот импулс ни вели да нападнеме. Мора да го одбегнуваме ова. Досега научивме дека насилството како средство е секогаш неуспешно.“

„Секој момент е нов почеток, прекрасно свечено крунисување на големото космичко патување низ универзумот. Можеме да правиме што сакаме. Можеме да ја промениме реалноста во секој момент.“

Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

„Силата не мора да биде агресивна и гласна.“

„Некои луѓе велат дека сте ја преминале линијата, но јас сметам дека не постои линија. Мислам дека луѓето ја повлекуваат линијата во моментот кога ќе ја преминете.“

„Јасно ми е дека знам да бидам себичен, но и свесен сум дека не можете да бидете среќни доколку се грижите само за себе на сметка на другите луѓе.“

„Ослободете се од идејата дека луѓето ве набљудуваат.“

„Според мене, среќата се појавува случајно. Доволен е еден поглед во автобус и одеднаш вие сте вљубени. Доволна е една секунда помината во паркот за да забележите дека има дрвја во светот.“

„Понекогаш блиските пријателства се како плима што ве носи на различни брегови иако океанот што ве поврзува останува ист.“

„Животот никогаш не е како честитка за живот, нели? Никогаш не делува така како што вие би сакале да изгледа.“

„Создадени сме од истата основна материја: Имаме 30% иста ДНК како онаа на бананите, 60% иста ДНК како онаа на црвите и 98% иста ДНК како онаа на шимпанзата, така што не сме толку поразлични од останатите.“

„Нема да се срамам од она што сум. Нема да го поминам животот во извинување поради тоа што сум малку необичен. Не морам да се плашам повеќе. Можам да бидам тоа што сум.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. nekoj Reply

    Get him to the Greek – Бегство од Вегас… WTF

Остави коментар