Моќни цитати кои ќе ви помогнат оваа година да ви биде најдобрата досега
Без сомнение, како што поминуваат првите денови од новата година, така и луѓето сè повеќе размислуваат за тоа што ги следува. Токму затоа и ова е одличен момент да се прочитаат неколку моќни цитати со кои е одлично да ви започне годината. Тие можат да бидат ваши водичи кон подобро денови, кои секојдневно ќе ве тераат да се фокусирате на себе и да се прашувате што е најдоброто за вас.
„Самите вие, како и сите останати во целиот Универзум, ја заслужуваат вашата љубов и наклонетост.“ – Буда
„Животот може да биде сфатен само наопаку, но мора да се живее кон напред.“ – Сорен Киеркгард
„Лудост е повторување на истото нешто, одново и одново, но со очекување различни резултати.“ – Алберт Ајнштајн
„Љубовта е триумфот на имагинацијата над интелигенцијата.“ – Х. Л. Менкен
„Би сакала да видам како млада девојка излегува и го грабнува светот за реверите. Животот е кучка. Мора да излезете и да се борите.“ – Маја Ангелоу
„Не го знам прашањето, но сексот е дефинитивно одговорот.“ – Вуди Ален
„Вие добивате сила, храброст и самодоверба со секое искуство во кое навистина застанувате и го погледнувате стравот во лице. Вие мора да го направите тоа кое мислите дека не можете.“ – Елеонор Рузвелт
„Јас сум оној кој мора да умре кога ќе дојде моето време за умирање, па затоа оставете ме да си го живеам животот како што јас сакам.“ – Џими Хендрикс
„Не плачете бидејќи завршило, смејте се затоа што се случило.“ – Д-р Сеус
„Љубовта е живот. И ако ја пропуштите љубовта, ќе го пропушите и животот.“ – Лео Бускалија
„Животот е 10% тоа што ви се случува и 90% како реагирате на истото.“ – Чарлс Р. Свиндол
„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е доколку се обидете уште еднаш.“ – Томас А. Едисон
„Вие живеете само еднаш, но ако го направите тоа правилно, еднаш е сосема доволно.“ – Мае Вест
„Тајната за напредокот се наоѓа во започнувањето.“ – Марк Твејн
„Љубовта не е нешто што можете да го најдете. Љубовта е нешто што вас ве наоѓа.“ – Лорета Јанг
„Во истиот момент кога ќе помислите дека не може да стане полошо, тоа и ќе се случи. И тогаш кога ќе помислите дека не може да стане подобро, повторно, тоа ќе се случи.“ – Николас Спаркс, „На прв поглед“
„Не е добро да копнеете по соништата и да заборавите да живеете.“ Џ. К. Роулинг, „Хари Потер и каменот на мудроста“
„Животот е цвеќе за кое љубовта е мед.“ – Виктор Хуго
„Цвеќето кое цута во различност е најреткото и најубавото од сите нив.“ – Компанијата Волт Дизни, „Мулан“
„Целете кон месечината. Ако ја промашите, можеби ќе погодите ѕвезда.“ – В. Клемент Стоун