Моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ќе биде на најниско ниво

Моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ќе биде на најниско ниво

Секоја година, повеќе од милион луѓе ширум светот се самоубиваат. Понекогаш дури ни нивните најблиски не знаат зошто се случило тоа, и дали би можеле да ги спречат доколку забележале нешто порано. Тоа се случува бидејќи луѓето кои се депресивни и сакаат да извршат самоубиство, ретко изгледаат тажно. Доколку познавате некого за кого мислите дека пати од депресија или едноставно вие сте тој кому му недостига енергија, задолжително опкружете се со позитивна енергија, пронајдете причина за насмевка и секако, читајте мотивирачки цитати. Имајте ги на ум овие цитати кои секогаш ќе ве потсетуваат дека без разлика колку е голема болката, дека секогаш постои надеж.

2-motivirachki-citati-koi-kje-ve-podignat-koga-energijata-vo-vasheto-telo-kje-bide-na-poslednoto-nivo-www.kafepazua.mk_

„Двата најважни дена во вашиот живот се денот кога сте се родиле, и денот кога ќе дознаете зошто сте родени.“ – Марк Твен

„Кога е најтемно, тогаш можеме да ги видиме ѕвездите.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Ако се убиеш себеси, ќе ги убиеш и луѓето што те сакале.“ – Непознат автор

„Најхрабрата работа која некогаш сум ја направила е што продолжив да живеам кога сакав да умрам.“ – Џулиет Левис

„Никогаш, никогаш не се откажувајте.“ – Винстон Черчил

„За сите оние кои се повредени – барањето помош не е знак на слабост. Тоа е знак на сила.“ – Барак Обама

1-motivirachki-citati-koi-kje-ve-podignat-koga-energijata-vo-vasheto-telo-kje-bide-na-poslednoto-nivo-www.kafepazua.mk_

„Светот е подобро место со тебе во него.“ – Непознат автор

„Не плачи, бидејќи е крај. Смеј се, бидејќи се случило.“ – Д-р Сеус

„Се надевам дека ќе живеете живот на кој ќе бидете горди. Ако дознаете дека не сте, се надевам дека ќе имате сила да почнете од почеток.“ – Ф. Скот Фицџералд

„Доколку вашето срце чука, Господ сѐ уште не завршил со вас.“ – Дилан Буроус

„Доколку поминувате низ пекол, продолжете да чекорите.“ – Винстон Черчил

Исто така, ви предлагаме да ги прочитате овие инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар