Моќна порака од една мајка: Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?
Иако не признаваат, сите мајки се озборуваат една со друга исто толку колку што и нивните деца озборуваат на училиште. Австралиската блогерка и мајка на 4 деца, Констанс Хол, решила да им стави крај на озборувањата и објавила моќна порака на Фејсбук за да ги поттикне мајките и сите останати да размислат околу тоа како се однесуваат.
Сѐ започнало кога Хол забележала една модерна мајка како доаѓа да ги земе децата од училиште. Среденоста на оваа мајка ја натерала да се посомнева во својата самодоверба и набрзо почнала да ја озборува супермајката со другите мајки. Меѓутоа, соочувањето со реалноста ја инспирирало да ја сподели приказната што моментално има повеќе од 82.000 лајкови и 7.000 споделувања. Прочитајте ја нејзината објава и дознајте како оваа жена ја надминала негативноста што ја почувствувала и испратила моќна порака до сите мајки на светот…
Нејзината објава допрела до многу мајки и ги мотивирала да коментираат и да ја споделат нивната приказна:
„Не можам да ги поднесувам ваквите работи! Јас сум многу срамежлива и кога луѓето конечно ќе поразговараат со мене, првото нешто што го велат е ’Ти си била многу фина. Воопшто не си била вообразена’… Не можам да си помогнам кога имам ладен израз на лицето и непријатно ми е да остварувам нови контакти.“
„Ни требаат повеќе вакви работи! Нашата нова најдобра пријателка можеби ќе ја најдеме со следното ’Добро утро’.“
„Само што се вратив дома откако бев на рехабилитација за зависност од алкохол и наркотици. Имам 3 деца во едно училиште и во минатото сум била многу осудувана, но има неколку мајки кои ме поддржуваат и не ме осудуваат. Ја држам главата високо крената, секој ден одам на анонимни состаноци и правам сѐ што можам за да го продолжам моето заздравување. Ќе ги носам децата и сопругот на камп за анонимни алкохоличари и едвај чекам да запознаам мајки кои се соочуваат со слични битки и проблеми. Драго ми е што прочитав приказна против осудувањата.“
„Многу ми се допадна. Само што се преселивме и децата почнаа да одат во ново училиште на место каде што не познаваме никого. Имам светло виолетова коса и тетоважи насекаде, а мојот син има аутизам, така што и двајцата сме посебни. Ми беше чудно првите неколку недели, но потоа решив едноставно да започнам разговор со некого. Сѐ уште работам на тоа…“
„Ова е многу точно. Понекогаш ги претставуваме луѓето на сосема погрешен начин. 90% од времето грешиме кога проценувам некој човек. Но, сите го правиме тоа! Би сакала да знам што мислат луѓето за мене. Но и онака не ми е гајле! На никој од нас не би требало да му биде гајле!“
„И јас би сакала луѓето да разговараа со мене, а не за мене. Јас сум многу добра личност, но од некоја непозната причина целиот мој живот непознатите луѓе кажувале негативни работи за мене. Тоа не ми пречи толку, бидејќи не ме познаваат, но одбивам да зборувам лошо за луѓето кои не ги познавам.“
Што мислите вие на оваа тема? Дали би се обиделе да го практикувате овој совет во вашиот секојдневен живот?
Прочитајте го и најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле.