Моќна изјава: „Не сакам да носам веќе градник, градите што висат се убави и природни“

Моќна изјава: „Не сакам да носам веќе градник, градите што висат се убави и природни“

Растејќи, Чидера Егуеруе (23) го мразела своето тело поради „виснатите гради“. Но, кога таа наполнила 19 години се прифатила во целост и научила како да се сака, па затоа и престанала да носи градник. Денес води блог што многупати бил наградуван а може да се најде под името Slumflower каде што шири пораки за љубов кон себе и позитивен однос кон своето тело преку социјалната кампања #SaggyBoobsMatter.

На кратко, таа води блог за виснати гради. Нејзината иницијација покренала многу интерес на социјалните мрежи, особено на Инстаграм и Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chidera Eggerue (@theslumflower) on

„Без разлика на тоа колку се гледа напредок, имаме уште долг пат пред нас за да го промениме начинот на кој се зборува за женското тело. Јас сум жена која ги проколнувала своите гради и отсекогаш сум се срамела од нив. Но, вие ми покажавте дека тие можат да бидат секси и тоа ме охрабри да ги прифатам“, објаснува Егуеруе.

Таа исто така кажува дека посебно ѝ се мили коментарите од мајките кои учат како да го сакаат своето тело по породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chidera Eggerue (@theslumflower) on

„Највозбудливи ми се пораките од мајките што уште го дојат своето бебе и се пресреќни затоа што го пронашле мојот блог, бидејќи поради изгледот на своите гради чувствувале срам, иако тие учествуваат во најубавиот и најприродниот процес при хранењето на своето дете.“

Сепак не сите коментари се позитивни. Таа често добива непријатни пораки од мажи и збунети жени. Таа смета дека овие коментари се такви затоа што луѓето не се навикнати да гледаат виснати гради. Што мислите вие?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chidera Eggerue (@theslumflower) on


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар