Моќна божиќна реклама е забранета во Исланд, под изговор дека е „премногу политичка“

Моќна божиќна реклама е забранета во Исланд, под изговор дека е „премногу политичка“

Оваа реклама, што оригинално била создадена како краток филм од Greenpeace, се фокусира на палминото масло и на опасностите за околината што настануваат како резултат на сечење на шумите во региони како Малезија и Индонезија. На овие места, повеќе од 2,5 милиони акри дождовна шума се губи на годишно ниво. Сечењето на дрвјата за да се направи простор за палми од кои потоа ќе се произведува масло, води до драстично намалување на популацијата на орангутаните. Во моментов тие се критично загрозени, со само 3 преостанатите видови. Според истражувањата, се верува дека од 1.000 до 5.000 орангутани умираат во процесот на создавање палмино масло секоја година.

Рекламата се фокусира на орангутанчето Ран-Тан, што се плаши од загубата на природното живеалиште, најблиското семејство и можноста за изумирање на неговиот вид. Целта е да се прошири свесноста за уништувањето на дождовните шуми предизвикани од создавањето палмино масло, и застрашувачкото влијание на овој процес врз орангутаните. Сепак, и покрај добрата намера, оваа реклама е забрането да се пушта на телевизија покрај останатите реклами од слични супермаркети. Според Clearcast, компанијата одговорна за одобрување на рекламите пред емитување, приказната на Ран-Тан е премногу политичка за да се покажува на малите екрани. Но, дали тоа е навистина така? Дали оваа реклама не заслужува да биде покажана на што поголем број луѓе ширум светот? Погледнете го видеото и одлучете самите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар