Модерните научниците веруваат дека соништата воопшто не постојат. Што мислите вие?
Зигмунд Фројд го освоил светот на психологијата со неговата теорија за интерпретација на соништата. И покрај тоа што технологијата многу напреднала од тогаш, па денес имаме можност да ги следиме луѓето во РЕМ фазата со цел да се набљудува нивниот процес на сонување, сепак остануваат две огромни прашања на оваа тема: Зошто сонуваме и што се обидуваат нашите соништа да ни кажат?
Доколку се насочиме кон записите од Фројд, сите ние имаме базично сфаќање дека соништата се еден начин на кој си ги чуваме нашите мисли за нас. Следбениците на Фројд цврсто се придржуваат до техниката со слободни асоцијации и лежењето на удобен кауч додека го кажувате првото нешто што ви паѓа напамет. Но, модерните научниците се убедени дека соништата всушност воопшто не постојат. Би се запрашале како е тоа можно.
Научниците имаат теорија, т.н. „activation-synthesis hypothesis“, според која соништата не се ништо повеќе од електрични импулси во мозокот кои влечат рандом мисли и слики од нашите сеќавања. Откако луѓето ќе се разбудат, тие се обидуваат да состават нешто од овие соништа со цел да направат смисла од хаосот.
Соништата се доживуваат како корисни индикатори за оние нешта кои луѓето ги размислуваат. На пример, една неодамнешна студија покажала дека оние кои имаат повисоко ниво на едукација имаат тенденција повеќе да сонуваат за ситуации поврзани со работата, како добивање унапредување или сонување колега, во однос на оние кои се помалку образовани.
„Ние ги сонуваме оние нешта за кои се грижиме најмногу“, вели д-р Ејнџел Морган, авторот на оваа студија. „Кога гледате на нивото на образование, тоа што најмногу нè загрижува ќе биде рефлектирано во нашите соништа. Едноставно има смисла.“
Преку ова истражување се покажало и дека оние кои имаат повеќе луцидни соништа решаваат значајно повеќе проблеми од оние кои немаат. Колку повеќе можете да се сетите во светот на соништата, толку подобро ќе можете да ги решите или признаете проблемите во вашата будна состојба. Живописните слики кои ги помниме од нашите соништа исто така можат да бидат прикази на нашите карактерни црти. И покрај тоа што речниците за соништа не секогаш можат да го објаснат она кое е во нашите глави, сепак нивните обиди понекогаш успеваат.
Дали некогаш сте сонувале како го убивате вашиот шеф? Според друго истражување, индивидуите кои имале соништа во кои извршуваат убиство, имаат тенденција да бидат поголеми интроверти, но исто така и поагресивни во вистинскиот живот.
Од друга страна пак, соништата изгледа ни помагаат да ги обработиме емоциите така што ги кодираме и создаваме сеќавањата од нив. Тоа што го гледаме и доживуваме во нашите соништа не секогаш е реално, но емоциите кои се проследени со нив без сомнение се. Благодарение на нашите соништа ние можеме да се потсетиме на сеќавањата за одредени емоции без да се сетиме на конкретната ситуација која прв пат ги предизвикала. Токму затоа и можеме да се сетиме на љубов или болка, без да се потсетиме на нашата прва љубов или раскинување.
Без разлика на теориите за соништата, многу е важно да продолжиме да се обидуваме да сфатиме што тие значат и како можат да ни помогнат во нашиот живот…